– Мамо, тато ќе си дојде ли оваа вечер?
– Не. Отиде на службено патување и нема да се врати 2 дена.
– Урааа! Чичкото со мустаќите, пак ќе ми донесе чоколадо!

– – – – – – –

14 февруари, мажот се враќа дома и веднаш ѝ вели на жената:
– Свети Валентин било денес, посвири на кавалот на мојата душа.
– Ама тоа ти е алатот бе!
– Еееее… значи грам романтика нема во тебе…

– – – – – – –

Зошто Педагошкиот факултет не е блиску до Медицинскиот?
Затоа што студентите по медицина ќе го завршуваат и него на паузите за ручек.

– – – – – – –

– Колега, ќе се борите ли за шестка?
– Со кој?

– – – – – – –

Некој забележал ли е дека победничката на „Мис Универзум“ секогаш е од нашата планета?! Најјаки жени имаме…

– – – – – – –

Ја нашол Аладин магичната ламба, триел, триел, триел и конечно излегол духот и му рекол:
– Судејќи според тоа како ми ја светна ламбата… изгледа немаш девојка а?!

– – – – – – –

– Да се ​​видиме во 2 часот пред Тинекс?
– Добро. Како да те препознаам?
– Јас сум мажот ти ма, оуууу!!!

– – – – – – –

11-та Божа заповед:
– Немој да тежиш повеќе од фрижидерот!

– – – – – – –

– Жено, со колку мажи си спиела?
– Само со тебе. Со другите не ми се спиеше…

– – – – – – –

Маж пристигнува на работа со едночасовно задоцнување, целиот помодрен.
Македонскиот газда:
– Ти зошто задоцни?
– Шефе, паднав од петтиот кат!
– И што? Цел час ли паѓаше…

– – – – – – –

Телефонот ѕвони во текот на ноќта.
Мажот:
– Ако е за мене, кажи дека ме нема!
Жената:
– Тука е до мене е.
Мажот:
– Срање! Зошто го направи тоа?
Жената:
– За мене беше.

– – – – – – –

– Тато, јас како сум се појавил?
– Па како да ти кажам… аптека беше затворена…

– – – – – – –

Млад маж ја води дома девојката да ја запознае со мајка си:
– Мамо, запознај се со оваа прекрасна жена. Готви вкусни јадења, прави прекрасни десерти и многу сака да чисти!
– Многу добро сине, нека доаѓа во вторниците и четвртоците.

– – – – – – –

Многу мажи сонуваат за се*с со две партнерки… А јас го направив… Со едната 1991-ва, а со другата во 2013-та.

– – – – – – –

– Тато, вистина ли е дека од интернет се затупува?
– Оmg сине lol!

– – – – – – –

Во почетокот на една врска ти се чини дека сите мажи се смотани, само твојот – не! Подоцна сфаќаш дека сите мажи се смотани, ама колку твојот – никој!

– – – – – – –

По се*сот, таа:
– Ха… ми текна! Ти си таен агент!?
Тој:
– Што!
– Влезе, излезе – ништо не разбрав!

– – – – – – –

– Ми се чини дека мојата девојка спие со некој друг.
– Но, ти немаш девојка.
– Нели тоа ти велам…

– – – – – – –

Првата мисла на плавушата, кога ќе разбере дека е бремена:
– Само да не е од мене!

– – – – – – –

– Готово! Те напуштам! Ти си најскржавиот човек што го познавам, не можам да живеам со тебе повеќе! Еве ти го прстенот!
– А кутивчето каде е?

Сподели на Facebook
пати видено