– Мамо, мамо, изедов сè!
– Е за тоа, сине, мислиме дека веќе е време да се иселиш од тука…
– – – – – – –
– Еј, каде си?
– Во пеколот!
– Кога ќе заспие сатаната, дојди да пиеме по едно!
– – – – – – –
Маж – тоа е суштество кое откако ќе ги измие чиниите, те гледа така како да го исчистил целиот стан.
– – – – – – –
– Слушнав дека жена ти направила сообраќајка со твојот нов автомобил. Како е таа?
– Засега е добро… се заклучи во бањата, но ќе огладне и ќе излезе.
– – – – – – –
– Докторе, сексот има ли несакани ефекти?
– Ако дознае сопругот – да!
– – – – – – –
Ѝ направив на жената целосно каско, сега може да ја чука кој како сака…
– – – – – – –
– Мите, бремена сум од тебе!
– Ама како?! Одиме само две недели и дури ни однос не сме имале уште?!
– Знам, и јас самата сум шокирана!
– – – – – – –
Маж, разочаран од семејниот живот решил да стави крај. Излегол на балконот, на 15-тиот кат, каде делел гарсиоњра со жена си, родителите и двете сијамски мачки, и се подготвувал за скок:
– Атанас! – Се завикала неговата жена. – Каде си тргнал?
– Ќе се фрлам од балконот. – Смиено одговорил несреќникот.
– И така и така ќе слегуваш, земи фрли го нарем и ѓубрето…
– – – – – – –
– Маче, види! Јас сум еднорог!
– Уф, беее… доста со твоите простотилуци, крени си ги боксерките!
– – – – – – –
Индиец оди на испит по англиски. Му даваат три збора и го тераат со нив да направи реченица. Зборовите се “green”, “pink” и “yellow”.
По кратко време Индиецот е готов и чита:
– The phone goes green, green, green, I pink it up and I say “Yellow!”
– – – – – – –
Во брзање фудбалскиот судија покажа кондом наместо жолт картон. До крајот на натпреварот, никој од играчите не направи ниту еден фаул.
– – – – – – –
Жената вреска:
– Ти воопшто не ме слушаш кога зборувам!
– Кој?
– Ти.
– Што јас?
– – – – – – –
– Опишете го вашиот живот.
– Без цензура може ли?
– Не.
– Тогаш, сѐ е во ред.
– – – – – – –
Жената се враќа од работа и почнува да го кара невработениот сопруг:
– Цел ден јадеш и спиеш! Земи направи нешто корисно!
– Што да правам, мори жено? Кога ќе се најадам ми се приспива, а кога ќе се разбудам сум гладен.
– – – – – – –
Лежи жената до љубовникот и го гледа со жалење, затоа што пак не му станал:
– Мишо, Мишо, да беше тука мојот Григор и двајцата ќе не „средеше“ по ред, ама пуста мода, да си имаш љубовник…
– – – – – – –
Пријателки…
– Како си, бејби, одамна не сме се виделе?!
– Па, арно… Неодамна прекинав петгодишна врска…
– Ауу, којзнае колку ти е тешко по разделбата?!
– Паа, не баш… Таа, врската, не беше моја…
– – – – – – –
Преку разговор, таа:
– Ти какви очи сакаш?
Тој:
– 95 D.
– – – – – – –
– Се враќам од службено патување. Во шифоњерот – ништо, во бањата – ништо. Во фрижидерот, исто така.
– А жена ти?
– Не бе, не сум женет, ме ограбиле.
– – – – – – –
– Тато, тато, куќата гори!
– Шшшт, излегувај тивко, да не ја разбудиме мајка ти…