После јако пиење и бурна семејна расправија, жената му поставува ултиматум на својот маж:
– Бирај! Или мене, или ракијата!
– Каква ракија, колку ракија?
– – – – – – –
– Не сакам да гледам како се претвораш во зеленчук. Го исклучувам од тебе апаратот за вештачко одржување на животот. Те сакам. Прости ми.
– Врати ми телефонот, мори!
– – – – – – –
– Здраво, Петар.
– Јас не сум…
– Одамна не сме се виделе. Уште ли си толку добар во кревет?
– Да, да, Петар сум…
– – – – – – –
– Жена ти зборува ли многу?
– Не можеш да замислиш! Кога бевме на море, дури јазикот и поцрне.
– – – – – – –
Си купив од секси шоп гумена жена, направена по технологијата „real woman“. И навистина, првиот пат не ми даде.
– – – – – – –
– Душата ме боли…
– Па оди лекувај се!
– Се лекувам, ама потоа ме боли црниот дроб…
– – – – – – –
Судијата:
– Зошто сакате да се разведе од сопругот?
– Затоа постојано сака анален се*с со мене, без никаков лубрикант.
Целата сала прснува да се смее, а судијата ги прекинува со зборовите:
– Што се смеете бе, знаете ли колку боли?!
– – – – – – –
Вистинската современа жена не треба само да знае да готви добро, туку и добро да го слика она што го зготвила.
– – – – – – –
Многу сум изнервиран! Ја казнив жената цел месец без се*с, а некој простак ѝ ја укинал казната…
– – – – – – –
Во врската со семејна жена, најважно е… да не дозволите да се разведе…
– – – – – – –
– Знаеш ли зошто ја викаат Снежана?
– Не.
– Затоа што има седум абортуси.
– – – – – – –
Еден криминалец му расправа на друг:
– Откако се оженив, во главата ми се врти една идеја. Сакам да ограбам банка и да ги оставам отпечатоците на бабата.
– – – – – – –
– Знаеш ли Aнглиски?
– Да.
– Употреби ги more и better во реченица.
– More не плачи better од женско си.
– – – – – – –
Ме прашуваат:
– Што е тоа генијалност?
– Комшијата го продаде станот и по половина година се ожени за госпоѓицата која го купи. Тоа е!