– Душо, гледај колку е убаво времето, а ти си се затворила внатре и миеш чинии!
– А што да правам?
– Па излезе надвор, испери ја колата…
– – – – – – –
– Ти го симнувам градникот… ти ги симнувам гаќичките… бааавно…
– Идиот! Собирај ги алиштата од жицата побрзо, додека не заврнало…
– – – – – – –
– Мамо, денес ни ставаа вакцини!
– А ти, се надевам дека не плачеше?
– Не, мамо, не успеаја да ме фатат!
– – – – – – –
– Сине, ти да не си наркоман?
– Не, зошто?
– А зошто ја сечеш саламата со личната карта?
– – – – – – –
Ѝ поставувам гатанка на својата ќерка:
– Ту се дебелее, ту слабее, целата куќа ечи? (хармоника).
А детето одговара, без размислување:
– Мама!
– – – – – – –
– Животот почнува посел 50! – Рече тој и си налеа една чашка ракија.
– – – – – – –
90% од жените, кога ќе дознаат дека мажот ги изневерува, си ги собираат куферите и одат кај својот љубовник.
– – – – – – –
Плавуша се жали:
– Вчера, додека бев во трговскиот центар немаше струја цели 3 часа, а јас таман слегував со ескалаторот. Умрев од досада додека да дојде!
– – – – – – –
– Сине, време е да поразговараме за се*сот.
– Тато, но јас сум веќе 30!
– Таман ти се годините сине. Објасни ми, како да гледам порно на телефонот.
– – – – – – –
Семејна атмосфера…
Таа:
– Престани да се преправаш! Гледам дека не си мртов – уште дишеш… И, што рече, каква била мусаката?!
– – – – – – –
Повозрасна дама влегува во аптека и прашува:
– Извинете, имате ли ацидиум ацетилосалицилум?
– Аспирин ли сакате?
– Да бее, постојано заборавам како се вика!
– – – – – – –
– Душо, сакаш ли денес да си играме улоги, ммм?
– Уште прашуваш, палавко еден!
– Супер! Ти ќе бидеш главниот шеф на француски ресторан, а јас ќе спијам!
– – – – – – –
– Душо, трчај до продавница!
– Но, љубов моја, таков дожд истура надвор што и кучето не е за да го пуштиш надвор!!!
– Господи… Оди без кучето!