– – – – – – –
Пред илјадници години, кога еден маж сакал да легне некоја жена убивал животно и го носел пред нејзините нозе. И како од цел мамут стигнавме до еден е*ан „лајк“ – уште не ми е јасно!
– – – – – – –
– Драги, ми се чини дека го сакаш едното дете повеќе од другото.
– Глупости, на кое мислиш, Горaн или дебелото?
– – – – – – –
Знаете ли дека:
– Мажите се размножуваат преку поделба. Ако не ја поделат платата со сопругата – заборави!
– – – – – – –
– Сине, зошто си пиел ракија од моето шише?
– Немаше чисти чаши!
– – – – – – –
– Како се вика најпаметната плавуша?
– Голден ретривер…
– – – – – – –
Ако жена ви дознала за љубовницата и мирно оди да готви во кујната, тоа значи дека е време да испиете противотров со широк дијапазон на дејство…
– – – – – – –
– Од што најчесто умира човек?
– Па во некролозите си пишува – од роднините и пријателите!
– – – – – – –
Како се лекува главоболка:
1. Испијте чаша вода;
2. Направете 10 вдишувања;
3. Дајте и ја на „главоболката“ вашата кредитна картичка и речете ѝ да оди во трговскиот центар да си купи нешто…
– – – – – – –
Муштерија седи во ресторан, ја пие шестата ракија, а келнерот цело време нестрпливо го чека да нарача храна. По едно време муштеријата ја крева главата и вели:
– Келнер, пишувај…
Келнер се подготвува да пишува.
Муштеријата… со солзи во очите:
– Мила мамо…
– – – – – – –
Ако мислите дека во наше време работите се лоши, замислете како било во времето на Ромео и Јулија… 17-годишен и 13-годишна имаат 3-дневна врска која завршува со 6 трупа…
– – – – – – –
Во зоолошката градина:
– Тато, тато види фарбана магарица!!!
– Тоа е зебра сине… фарбана магарица е мајка ти.
– – – – – – –
Таа влезе во собата, плачејќи:
– Мамо, мајчице! Што е ова?
Мајката се насмевна и рече:
– Не плачи ќерко! Ти веќе си жена. Тоа се мустаќи…
– – – – – – –
– Страдам од една многу ретка болест, штом ќе кивнам и добивам оргазам.
– Земете ли нешто за тоа?
– Се разбира… црн пипер!
– – – – – – –
Русокоса фатила руса златна рипка, но таа исполнувала само по една желба. Плавушата рекла:
– Сакам да ми ги зголемиш градите двојно!
И рипката ја направила со четири гради!
– – – – – – –
Жената нежно го милува по главата сопругот, чиј омилен фудбалски тим штотуку го загубил натпреварот.
– Знаеш што, можам да ти кажам барем една позитивна работа за да те расположам. Од целото маало ти си најнадарен!