– И ти лајкуваш рецепти, па не готвиш…
– – – – – – –
– Кога замина возот?
– Пред 2 минути.
– Па, не сум задоцнил многу…
– – – – – – –
За еден маж нема поголем стрес од тоа, жена му да го прегрне без причина со зборовите:
– Уф, колку те сакам!
Автомобилот, парите, бабата ќе доаѓа… неизвесноста убива.
– – – – – – –
Царина на аеродромот во Амстердам.
– Која е целта на посетата во Холандија?
– Да пушиме трева и да одиме по проститутки.
– Добро, ќе запишеме стандардно: разгледување на знаменитостите.
– – – – – – –
Е многу мразам кога сум вљубен во некоја и сакам да го поминам целиот живот со тој гад, а таа не ми ја прифаќа поканата за пријателство.
– – – – – – –
Стар дедо му вели на млад младоженец:
– Тошо, ајде да си ги смениме невестите за една вечер со научна цел.
– Каква бе дедо?
– Па, јас ќе се присетам каква беше мојата, а ти ќе видиш каква ќе стане твојата.
– – – – – – –
– Љубов моја, кажи го пред мајка истото што ми го рече вчера.
– Дека ќе го правиме тоа само позади, за да не забремениш…
– А бе за свадбата кажи, тапанар, свадбаатааа!!!
– – – – – – –
– Сакаш ли да работиш, како Personal assistant of the executive technical head manager?
– Иjаа, добро звучи, а што точно ќе треба да правам?
– Како да ти кажам… ќе ми ја носиш кутијата со алат и ќе ми подаваш клучеви.
– – – – – – –
„Немаш поим низ што сѐ сум поминал во овој живот…“ – Живко, возач на валјак
– – – – – – –
Вчера гледав со двоглед како се соблекува младата сосетка. Сабајлево, рано, некој ми ѕвони на вратата. Отворам, гледам – таа.
– Виде ли вчера каде си ги ставив хулахопките?
– – – – – – –
– Вие верувате ли во идејата за реинкарнација?
– Не, докторе!
– Доообро… е па тогаш немам добри вести за вас!
– – – – – – –
Отидовме со жена ми до трговскиот центар да си купам зимско плато. Сега седам и гледам што сме купиле. За жена ми – бунда, чизми, сукња, три блузи, долна облека, ракавици и две чанти. За мене – чорапи.
– – – – – – –
– Со колку мажи си спиела?
– 3-ца.
– Сигурна ли си?
– Не, не со 11. Ми текна на еден случај.
– – – – – – –
– Докторе, секогаш пред брз се*с со жената ми се врти свет.
– Чудно. А што точно правите со жената пред брз се*с.
– Како што!? Па ја дувам интензивно.
– – – – – – –
Здраво користам Internet Explorer и оваа порака можеби ќе се постира малку бавно! Како и да е, Среќна нова 2011 година на сите!
– – – – – – –
– Сине, зошто шишето со ракијата е полупразно?!
– Затоа што си песимист, тато…