Најлесно е да го испланираш летниот одмор: шефот ти кажува кога, а жена ти – каде.

– – – – – – –

Жената му се јавува на мажот:
– Каде си, бе?
Тој:
– Го шетам кучето.
А таа:
– Ај клоцни го, да слушнам како квичи!

– – – – – – –

Во Библијата пишува дека дождот траел 40 дена и 40 ноќи. Го нарекуваат Големиот потоп. Во Англија го викаат лето.

– – – – – – –

Големиот Брат е лек против депресија. Гледањето на шоуто ги убедува депресираните дека тие не се најглупите луѓе во регионот, со што се зголемува самодовербата.

– – – – – – –

Студентката Марија јаде кромид и лук уште од дете, бидејќи мајка и и рекла дека е здраво. Таа никогаш не се разболела од грип, а за сексот дознала од пријателки и интернет.

– – – – – – –

Учителот:
– На вашиот син многу слабо му оди географија.
Таткото:
– Голема работа, со нашите плати нема да стигне далеку.

– – – – – – –

Женските гради се единствениот доказ дека мажот може истовремено да се фокусира на повеќе од една работа.

– – – – – – –

Најјаките забави почнуваат со зборовите „Не можам утре сум на работа“

– – – – – – –

Прв закон на спалната соба:
„Кај секоја брачна двојка, прв заспива оној кој грчи посилно.“

– – – – – – –

Мажите одат во кафана од 2 причини:
1. Немаат жена, кај која да се вратат.
2. Имаат жена, кај која треба да се вратат.

– – – – – – –

– Душо, го зедов детето од градинка!
– Чудно! А како ќе го крстиме? Бидејќи нашето веќе е второ одделение.

– – – – – – –

Разговор помеѓу две близначиња, едното чисто и преслечено, а другото нечисто и со извалкани алишта.
Чистото близначе го прашува нечистото братче:
– Брат каде се губиш, мама втор пат ме избања?!

– – – – – – –

Мајката си игра со едногодишниот син и му зборува:
– Ех, каков јунак си ти! Си се наспа, се разбуди, касна, си поигра, сега ќе какаш и пак на спиење!
Се јавува мажот од тоалетот:
– Имам право на тоа! Недела е!!!

– – – – – – –

– Што е тоа што им се случува секој месец на жените и завршува за 5 – 6 дена?
– Платата на мажот.

Сподели на Facebook
пати видено