На клупа во паркот:
– Драги, на што си мислиш?
– На истото што и ти, мила!
– Простак!
– – – – – – –
Жената се враќа од службено патување, седнува на домашниот компјутер и ги проверува последните пребарувања на мажот на Гугл: „Како се варат јајца?“, „Како се варат макарони?“, „Колку дена може да се живее без храна?“
– – – – – – –
– Драга, погледни дали свети предниот десен жмигавец?
– Да, не, да, не, да, не…
– – – – – – –
Адам си јаде јаболко. Се приближува Ева и му вели:
– Трудна сум!
Адам се задавил и оттогаш има Адамово јаболко.
– – – – – – –
Мажот е на службено патување и ѝ пишува порака на жена си:
„Сепак те сакам само тебе!“
Жената му одговара:
„Засега ти си најдобриот“
– – – – – – –
Често ги слушам луѓето да велат:
– Ќе изедам едно јаболко за да го залажам гладот.
Не знам каков е нивниот глад, ама мојот не е толку глупав.
– – – – – – –
– Господине, не може да влезете гол во банката!
– Јас само да си ја платам хипотеката.
– – – – – – –
– Жено, со кого разговараш таму во плакарот?
– Ме фати! Со љубовникот…
– Немој да ме лажеш, пак си си купила нови чевли!
– – – – – – –
– Драги, што велиш да си ја бојадисам косата црвена за лeтото?
– Зошто?
– Сакам да направам нешто необично со мојата глава.
– Прочитај книга…
– – – – – – –
Гледам лево – дожд.
Гледам десно – дожд.
Гледам горе – дожд.
Гледам доле – дожд.
Гледам во паричникот – суша.
– – – – – – –
– Сакате ракија?
– Од што е?
– Не знам.
– Може.