Современа математика:
– Марија има две праски, а Соња има две дињи. Која од нив е фолк пејачка?

– – – – – – –

Професорката по географија му вели на родителот:
– Синот ви е многу слаб по географија!
– Не е важно! Со нашите примања, секако нема да му треба.

– – – – – – –

– А бе, брат, ти од кога носиш обетки?
– Откако жена ми ги најде во колата.

– – – – – – –

Мажот ѝ се јавува на жената која е на службено патување:
– Ало жено, каде е кафето?
– О, колку си беспомошен без мене! Не можеш ни едно кафе да си свариш кога ме нема. Кафето е во кутијата за лекови во тегла од какао и на неа пишува „сол“.

– – – – – – –

Типичен пример за магичен круг е кога мајка ти вели:
– Слушај го татко ти!
А од татко ти слушаш:
– Никогаш не слушај жени!

– – – – – – –

– Што е тоа бугарски триатлон?
– Оди пешки на базен и се враќа со велосипед.

– – – – – – –

Со мојот сопруг бевме среќни 25 години. Потоа се запознавме…

– – – – – – –

Објава на Фејсбук:
– Извинете пријатели, но од сега па натаму никому нема да му се јавувам на телефон и тоа подолго време.
Коментари:
– Зошто, што се случи?
– Си го изгорев прстот и сега телефонот не ми се отклучува…

– – – – – – –

Тестот за бременост ја потврди нејзината најголема загриженост – таа беше само здебелена.

– – – – – – –

– Тато, тато, Тихиот Океан постојано ли е тивок?
– Не можеш ли да ме прашаш нешто попаметно, а?
– Па… Од што умрело Мртвото Море?

– – – – – – –

– Му се вратив на мојот…
– Зошто?
– Не можам повеќе да му го гледам среќното лице.

– – – – – – –

Млад дечко прашува надарена плавуша:
– Ќе се противите ли ако сакам да имам се*с со вас?
– Но јас никогаш не сум го правела тоа! – Одговара таа.
– Што?! Никогаш не сте имале се*с?
– Не, никогаш не сум противела…

– – – – – – –

Баба оди на доктор:
– Докторе, си купив ново апаратче за слушање!
– Одлично. А како е вашиот сопруг?
– А, не е скапо, само 500 денари…

– – – – – – –

Романтична атмосфера. Дечкото ја прашува девојката:
– Мила, каде најмногу сакаш да те бакнам?
– Во Дубаи!

– – – – – – –

Предизвик за вистински мажи:
1. Фотографирајте ја сопругата.
2. Ставете ја сликата во убава рамка.
3. Закачете ја во кујната и под неа напишете „Вработен на месецот“.

Сподели на Facebook
пати видено