Рај. Седат луѓето блажено, потпивнуваат нектар и со лажичка бавно и со уживање си земаат амброзија. Се појавува еден нестрплив човек, ја зема најблиската лажица и почнува брзо да срка амброзија. Еден од смирените го прашува:
– Но, какви се овие манири и зошто е оваа итност? Ние сме тука засекогаш.
– Некој е засекогаш, а некој за пет минути ќе го реанимираат…
– – – – – – –
Си сурфам на интернет минатата недела и случајно дојдов на некој англиски за запознавање. Чисто на шега, почнав да пишувам со една девојка. Од тема на тема, дознав дека имала 27 години, живеела во Лондон во свој стан, со добра работа, плавуша, симпатична, мерки 90-60-90… а бе жена од соништата. Си пишувавме уште и вчера фати авион и дојде да ме види.
– Па, зошто плачеш???
– Плачам… мамичето англиско… никој не ми кажа дека мерките биле во инчи!
– – – – – – –
Сајт за запознавања.
Опис на девојката:
– Висока – кога сум во потпетици. Добра – ако не ме изнервираш. Паметна – ако не поставуваш глупави прашања.
Прв коментар:
– Прекрасна – додека не ја запалиш сијалицата…
– – – – – – –
– Госпоѓице, колку години имате?
– Осумнаесет и неколку месеци…
– Навистина! И колку месеци?
– Сто четириесет и седум.
– – – – – – –
После бомбастична вечер во кревет:
– Сега, како еден пристоен маж, треба да се ожениш за мене!
– Како и секој пристоен маж, јас веќе сум женет!
– – – – – – –
Сликата на оженет маж за љубовна предигра е нежно туркање на рамото со прашањето:
– Спиеш ли?
– – – – – – –
Си седат двајца Евреи и си разговараат:
– Исак, мојата Сара сака се*с секој ден. Јас сум веќе во години, не можам…
– Аврам, пред многу години те предупредив точно со овие зборови: „Не се мажи за грда жена! Ќе нема кој да ти помага!“
– – – – – – –
Една жена и кажува на својата пријателка:
– Пресудата навистина е смешна. Судот му ги додели трите деца на мојот сопруг, а ниту еден од нив не е негово.
– – – – – – –
Сте слушнале ли за „Правилото на шајката?“
– За да се пробиеш, мораш некој да те чука!
– – – – – – –
Во еден ладен зимски ден, ловијата се лизнува и паѓа во дувлото на мечката која е во длабок зимски сон. Тој ја прашува мечката:
– Сега, што? До пролет ќе останам тука?
– Гулапче, ти си голем оптимист! – му вели мечката.
– – – – – – –
Руски родители му се јавуваат на нивниот син кој живее во студентски дом во Новосибирск:
– Како си?
– Па, добро сум.
– Дали е ладно таму?
– Па да, студено е!
– Колку е сега минус 50, минус 60 степени?
– Ааа, нема такво нешто. Минус 15, минус 20 максимум!
– Но на телевизија рекоа дека е минус 60!
– Аха, ама вие за надвор прашувате?
– – – – – – –
Директорот повикал неколку ученици да направи анкта за да го подобрат системот. Тој ги прашува децата:
– Деца, што правите кога не сте на училиште?
Прввото вели:
– Јас купувам марихуана од Јовче.
Второто вели:
– Ја купувам екстази од Јовче.
Третото вели:
– Јас седам дома, учам и пишувам домашна работа.
Директорот:
– Браво! Ти си добро дете и сите треба да земат пример од тебе! Како ти е името?
– Јовче.
– – – – – – –
– Докторе, дали е вистина дека морковите го подобруваат видот?
– Да, секако. Дали сте виделе зајак со очила?
– – – – – – –
Женската интуиција е страшна работа.
Вчера ми се потроши батеријата на телефонот, па ѝ се јавив на мојата сопруга од телефонот на најдобриот другар, за да и кажам дека ќе задоцним.
А таа ми крена со зборовите:
– Кажи, мој ненаситен ѕверу!
Се прашувам од каде знаеше дека сум јас?!
– – – – – – –
Вчера се поѕевнав во секс-шопот и за малку ќе ме купеа!
– – – – – – –
Учителката:
– Зошто велиме мајчин јазик?
Зоки Поки:
– Бидејќи таткото не може да дојде до збор!