– Келнер, отвори ми едно пиво…
– Веднаш!
– Колку чини?
– 150 денари…
– Затвори го!

– – – – – – –

– Драги, ја потчукнав колата! Ај погледни, може ли да се направи нешто?
Мажот внимателно гледа и вели:
– Па се разбира дека може! Само ги вадиме предниот и задниот браник и меѓу нив ставаме нова кола…

– – – – – – –

Две плавуши:
– Го сакам!
– Па кажи му!
– Му!

– – – – – – –

Разговараат двајца познаници:
– Ти некогаш си ја изневерувал ли жената?
– Што зборуваш!? Смеам ли? Па, ако ме гледа од некаде!?
– Добро де, а сам со пријателите нели излегуваш, нели се забавуваш?
– Не смееам. Жена ми може да ме гледа од некаде!
– Жена ти, жена ти… Што е жена ти?
– Снајперист…

– – – – – – –

Телото – Сакам пиво!
Срцето – Протестирам! Сакам љубов!
Мозокот – Протестот се отфрла! И јас сакам пиво…

– – – – – – –

Во болница. Сестрата оди кај еден пациент кој е со скршени и нозе и раце, главата му целата во завои, а само мал дел од неговото лице се гледа:
– Не ми е јасно како може толку дена да лежите тука, а жена ви не дојде ни да ве види!
– И тоа е во болница. – мрмори болниот.
– Извинете, не знаев… тоа е ужасно!
– Да, ама таа прва започна…

– – – – – – –

– Жено, купи ми вотка!
– Утре си на работа, каква вотка!?
– Смирноф!

– – – – – – –

– Пак си пиел.
– Не сум пиел!
– Си пиел!
– Не сум!
– Ај речи Гибралтар.
– Сум пиел!

– – – – – – –

Таткото ја чувал малата ќеркичка додека мајката била на работа. Штом мајката се вратила детето веднаш отрчало кон неа и ѝ рекло:
– Мамо, мамо! Да ти кажам денеска тато што направи на со комшивката Лиле!
– Штом ќе седнеме сите на масата да вечераме, ќе ми кажеш! – се досетила сопругата.
Седнале да вечераат и мајката го прашува детето:
– Ајде сега, кажи и на на мама што направи денес татко ти?!
– Па, дојде комшивката Лиле, и тато ја одведе во спалната и ѝ ги направи оние работи што чичко Кире ти ги правеше пред некој ден!

– – – – – – –

– Колега, што си се намуртил уште од рано-рано?
– Жената ме изнервира. Ќе ме тера таа мене да го фрлам ѓубрето, ти се молам!
– И ти што нашправи?
– Веднаш ѝ се пуштив „Тргни ми се од тука мори! Не ли гледаш дека уште пеглам!?“

– – – – – – –

Нутриционист му вели на својот клиент:
– Значи, вашата исхрана е – цикорија, зелена салата, стебло од глуварче и детелина, колку што сакате!
– Докторе, јас подобро и едно ѕвонче да си врзам на вратот и да си пазам прад зградата…

– – – – – – –

Татко кон синот:
– Сине, еден ден ќе се ожениш и ќе разбереш што е среќа… но ќе биде премногу доцна…

– – – – – – –

После се*с таа се свртува кон него:
– Душо, и ти да не размислуваш за иднината?
Тој:
– Да, се прашувам дали да си купам нови летни гуми…

Сподели на Facebook
пати видено