Шефот на пожарната влегува мирно во станицата и вели:
– Момци, ајде пополека облекувајте се, Парламентот гори.
– – – – – – –
Жената се кара со својот сопруг:
– Ти си свиња бесчувствителна! Како не ти е срам! Цел час се караме, а ти ниту збор не кажуваш! Згора на тоа уште и зеваш, да не ти е досадно случајно?!
– Не зевам. Се обидувам да ти одговорам…
– – – – – – –
Стара македонска поговорка.
1. Не се тепај со посилен…
2. Не си го мери со магаре…
3. Не се суди со побогат…
– – – – – – –
Девојката му вели да дечкото:
– Живееме заедно веќе 3 години! Кога конечно ќе го поставиш прашањето?!
– Во право си! Кога ќе се иселиш?
– – – – – – –
– Мила, каков подарок сакаш за 8-ми март?
– Па… да ти го разгледам телефонот…
– – – – – – –
Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто избега од затвор?
– Сакав да се оженам.
– Хм, чудна претстава имаш за слободата, момче.
– – – – – – –
Две баби зборуваат:
– Леле, Митро, какви времиња дојдоа! Мојата внука 3 години живее со маж, и уште не се регистрирани.
– Ти пак си добра! – Вели втората. – Мојот внук 3 години живее со маж, па дури и се регистрираа!
– – – – – – –
Девојката му вели на својот дечко, кочански мафијаш:
– Мечо, направив тест за бременост! Имам три цртички!
– Adidas?
– – – – – – –
Еден фармер секој ден носел во откупната станица околу двесте литри млеко, а имал само 5 крави. Другите фармери се чуделе и конечно го прашале како е го прави тоа.
– А, лесно е. Секој ден влегувам во шталата и велам: „Што ќе продаваме денес – млеко или говедско?“
– – – – – – –
– Дај ми еден килограм од пушениот слон!
– Ама госпоѓо, тоа е пилешко!
– Оф, извинете, ме збуни цената…
– – – – – – –
– Докторе, точно ли е дека ако не пушам ќе ослепам?
– А кој ви го кажа тоа?
– Мојот сопруг.
– Хм, точно е, точно е…
– – – – – – –
По грабеж:
– Ќе броиме или ќе чекаме да кажат на телевизија?
– – – – – – –
Полицаец запира водич за прекршок и му вели:
– Ако ме насмееш, ќе те пуштам.
– Господине полицаец, јас работам во мртовечницата и кога ќе донесат труп со голем пенис, од него правиме полициска палка.
Полицаецот почнува да се смее и му дава знак на возачот да оди. Возачот стиска на гаста, го отвара прозорецот и вели:
– А од малите – полициски свирчиња!
– – – – – – –
За роденденот на син ми му донесов стриптизета. Жена ми не беше многу задоволна, но на крајот на краиштата детето еднаш полни две години.
– – – – – – –
Сопругот – бесен:
– Како може да ме праќаш на родителска, а да не ми кажеш во кое училиште учи син ни!?
– – – – – – –
Женска логика:
Штом не си ми верен значи ниедна жена не те сака. Штом ниедна друга жена не те сака, што ќе си ми мене?
– – – – – – –
– Драги, имам одлична вест за тебе!
– Кажи мила?
– Веќе можеш гордо да кажуваш дека не плаќаш џабе секоја година каско!
– – – – – – –
– Мажу, тука пишува дека алкохолот секоја година убива 12.000 Французи.
– Јас сум Македонец, мори…
– – – – – – –
– Драги, те сакам!
– Кажувај брзо! Што си бендисала пак сега во трговскиот центар?
– Ништо не сум си бендисала! Само сакав да ти кажам дека малку ја изгребав колата!
– – – – – – –
– Знаеш ли каква е сличноста меѓу воз – играчка и женски гради?
– Што?
– И двете се за деца, а со нив си играат татковците…
– – – – – – –
– Поправањето на забот ќе ве чини 1000 денари и нема да јадете два часа!
– Не 2 часа, туку 2 недели докторе.
– – – – – – –
– Сине, да не си водел девојки дома, додека јас и мајка ти бевме надвор од градот?
– Не, тато.
– Ха, ха… Тиквар!
– – – – – – –
Ако мислите дека никогаш не сте биле дел од љубовен триаголник, најверојатно не сте доволно информирани…
– – – – – – –
– Колешке, да не бев женет…
– Колега, и да не беше женет…
– – – – – – –
Порано играв фудбал, тенис, шах, возев убав автомобил… Сето тоа веќе е минато. Син ми го скрши лаптопот…
– – – – – – –
– Миме, што правиш вечер?
– Важи…
– – – – – – –
– Здраво, имаш ли девојка?
– Да.
– Колку години е?
– 40.
– Хахаха, таа може мајка да ти биде.
– Да, мене може да ми биде, ама тебе ти е.
– – – – – – –