– Тато, како настанале пингвините?
– Пингвините, сине, биле ластовички кои вечерале како мајка ти…
– – – – – – –
– Сонувам да заработувам по 1.000 евра месечно како татко ми.
– Татко ти заработува по 1.000 евра месечно!?
– Не бе! И тој сонува за тоа.
– – – – – – –
Пред многу години, Чак Норис и Супермен се кладеле кој од нив двајцата е посилен. Тој што ќе изгуби требало да ја носи долната облека врз панталоните…
– – – – – – –
– Како си, Маре? Што си се намуртила така како сите бродови да ти пропаднале?
– Не знам како да ти го кажам, Миме… Се враќам синоќа од службено патување и што да видам – мажот ми во нашиот кревет со мојот љубовник!
– – – – – – –
– Што е поважно? Големината, или да знаеш да го користиш.
– Да знаеш да го користиш.
– Ајде, уште еден со мал…
– Се шегувам – големината!
– Ајде, уште еден, што не знае да го користи…
– – – – – – –
На еден млад татко жената штотуку му се породила и тој ја прашува акушерката:
– И во оваа ситуација кога ќе можеме да имаме се*с?
– Па после половина час ми завршува дежурството и ако не ти се брза…
– – – – – – –
Престанете да си ги облекувате кучињата! Моето не сака да излегува – мисли дека сме сиромашни…
– – – – – – –
– Океј, Гугл. Каде бев синоќа?
– Јас после синоќа не разговарам веќе со тебе!
– – – – – – –
Таа:
– Сакам некој ден да се видам во бело…
Тој:
– Е па запиши се на карате!
– – – – – – –
Не сакам да кажам нешто лошо за тебе, но ако беше принцеза заклучена во замок со змејови, тогаш храбрите витези ќе доаѓаат во замокот да ги спасуваат змејовите…
– – – – – – –
Пред некое време за малку ќе ја викнев жената со името на љубовницата! Ужас! И си зедов мачка. Ја крстив Кате. И сега се е во ред. Синоќа гледам – жената си зела кутре, Тони!!! Сега стојам на балконот, пушам и размислувам…
– – – – – – –
– Жената постојано ми бара пари! Кога 1000, кога 2000…
– И за што ги троши?
– Не знам, никогаш не сум и дал…
– – – – – – –
– Што си така измрцварен?
– Уморен сум. Трчав, трчав, трчав, а потоа се*с.
– Те фатија а?
– – – – – – –
Толку е грд, што кога ќе се качи на врвот на планината и ќе извика:
– Те сакам!
Ехото му одговара:
– Имам дечко-ечко-ко-ко…
– – – – – – –
– Душо, што си зјапнал во тој Playboy? Знаеш дека си на диета…
– Тоа не ме спречува да разгледам што има на менито, нели…