Колку е убаво чувството кога ќе станеш од службениот компјутер по осум часа седење, и конечно ќе си седнеш на раат на домашниот.
– – – – – – –
Едно не можам да разберам? Зошто секогаш кога поминувам покрај проститутки, почнуваат да се прават дека чекаат автобус?
– – – – – – –
Во аптека:
– Имате ли кондоми, максимална големина?
– Да госпоѓо! Сакате?
– Не! Сакам да видам кој ќе купи?
– – – – – – –
Не сум ги плаќал сметките за телефон и ми ѕвонат од одделот за корисници. Јас им велам дека нивното јавување е важно за мене, а потоа 15 минути им свирам на пијано.
– – – – – – –
Жена се приближува до својот маж, кој седи на компјутерот:
– Дај да поиграм малку!
– Како не тие е срам?! Сум ти го барал ли некогаш џогерот, додека го рибаш подот?
– – – – – – –
Ако си единец, тоа може да значи две работи:
1. Или родителите постигнале совршенство со тебе.
2. Или се премногу исплашени за да се обидат повторно.
– – – – – – –
Ако си неженет, постојано забележуваш среќни парови. Ако си женет, постојано гледаш среќни ергени. Но ако пиеш постојано, воопшто не ти е гајле за овие работи!
– – – – – – –
Бремена русокоса оди да го провери полот на идното дете. Докторот:
– Ќе имаш син.
– Не прашувам, каква ќе е бојата на бебето, туку дали ќе биде машко или женско!
– – – – – – –
– Колку литри ти е бојлерот?
– Околу 6-7 песни…
– – – – – – –
Жената му вели на мрзливиот маж кој по цел ден само лежи на каучот и пие пиво:
– Една работа не ми е јасна. Од сите сперматозоиди, како тоа ти излезе најбрз!?
– – – – – – –
Варварските времиња, кога колбасите ги правеа од животни, веќе се минато!
– – – – – – –
Сопругата ги оговара новите соседи:
– Тие изгледаат вљубени еден во друг! – Му вели на својот маж. – Тој ја бакнува кога излегува од дома. Ти зошто не правиш така?
– Па, јас уште не ја ни познавам, како да ја бакнувам?
– – – – – – –
– Абе, ти после секс се капеш ли?
– Па да, секако, а како поинаку.
– Па земи е*и нешто тогаш!
– – – – – – –
На рецепцијата во хотел пар изнајмува соба. Рецепционерката ги прашува:
– Колку време сте во брак?
– Јас 6 месеци, а тој 5 години.
– – – – – – –
Какво време дојде, на MTV нема музика, во Плејбој нема голи жени, во цигарите нема никотин, во пивото нема алкохол, во саламата нема месо, само во политиката сеуште има крадци…
– – – – – – –
Сите зборуваат за душата а, сепак гледаат во задникот.
– – – – – – –
Продавам невестински фустан. Во совршена состојба. Облекуван е само еднаш и тоа по грешка.
– – – – – – –
Искрена предизборна кампања:
– 20 години сум невработен. Само вие можете да ми помогнете да си најдам работа. Гласајте за мене за градоначалник на претстојните избори!
– – – – – – –
Јас кај гатачка:
– Гледам Ферари, вила со базен, убавица се сонча… А те гледам и тебе, од другата страна на оградата…
– – – – – – –
Седи гол маж пред казино и се тресе. Од казиното излегува маж само по гаќи.
– Еј, ти барем знаеш кога да запреш.
——–