– Драг Дедо Мраз, во 2018 година изгубив многу „пријатели“, една „голема љубов“ и многу пари. Во новата година сакам само да ми се вратат парите.
– Нема да се отарасиш толку лесно! Штом ќе ти се вратат парите, ќе ти се вратат и „пријателите“ и „големата љубов“.
– – – – – – –
Во 2018-та година донесов неколку погрешни одлуки… Се зафркавам. Женет сум и немам право да донесувам одлуки.
– – – – – – –
Женска новогодишна здравица:
– Масата да се крши од намирници, креветот од немирници, да има што да облечеш и пред кого да се соблечеш.
– – – – – – –
В живота на мажот има три периода. Во првиот период тој верува во Дедо Мраз. Во вториот период – не верува во Дедо Мраз. Во третиот период тој е Дедо Мраз.
– – – – – – –
Дедо Мраз влегува преку каминот затоа што „Крисмас ис камин!“
– – – – – – –
Музички хит број 1 на британските топ листи за декември 2018:
– “All I want for Christmas is EU”.
– – – – – – –
Здраво! На една од македонските телевизии гледав реклама за филм за ноогодишната филмска програма. Се работи за мало момче, кое е заборавено од семејството дома. Во тоа време некакви крадци се обидуваат да им го ограбат домот, а детето им прави куп пречки. Некој го гледал ли? Дали е убав?
– – – – – – –
Една жена оди до свирачот на синтисајзер во кафаната на новогодишната ноќ и му вели на увото:
– Кажи ѝ на пејачката да не си ги тресе џабе градите пред фацата на мажот ми. Парите се кај мене.
– – – – – – –
На први јануари се чувствувам како кабинет по билогија. Куп органи ставени во алкохол.
– – – – – – –
– Тато, тато, што ќе ми земеш за Божиќ?
– Парите што ќе ги собереш на Коледе.