Италијанската фирма Stefano Boeri Architetti дизајнира нова кула во Париз наречена Forêt Blanche, или „Белата шума“. Кулата ќе биде висока 54 метри и покриена со 2.000 дрвја и грмушки. Таа ќе има серија прозорци кои ќе овозможат природната сончева светлина лесно да навлезе во кулата.
На долните катови на Forêt Blanche ќе има канцеларии и продавници, додека повисоките катови ќе бидат претворени во луксузни апартмани. Сите четири страни на кулата ќе имаат балкони и тераси, а на источните и западните страни ќе има неколку прозорци кои, како што објаснува италијанската компанија, „дозволуваат да поминува сончева светлина цел ден, давајќи природно осветлување и вентилација на становите и исклучителна панорама на пејзажот на центрот на Париз“.
Вклучување на илјадници растителни видови живот во дизајнот Белата шума не бил едноставен стилски избор. Фирмата објаснува во своето соопштение дека сакала да го надмине користењето дрвја и грмушки за подобрување на естетиката на нивните структури, исто така сакаат да придонесат во борбата против климатските промени и да ја промовираат биолошката разновидност во урбаните средини.
Додека изградбата на Forêt Blanche е во тек,од фирмата изјавиле дека уште не е утврдена временската рамка за завршување. Што значи дека ќе мора да почекаме и да видиме како ќе напредува проектот и дали неговата употреба на растенија навистина ќе помогне во борбата против климатските промени. Ако резултира со успех, тоа ќе ги поттикне другите компании да го следат патот на Stefano Boeri Architetti.