Мајкл Џексон поседувал поголема колекција порнографски материјал на својот ранч „Недојдија“, покажува полицискиот извештај по претресот а неговиот имот во 2003 година. Во судските документи од тоа време се опишуваат бројни книги со фотографии и видео снимки, по што против кралот на поп музиката е поведена постапка поради обвинението на едно момче дека Џексон сексуално го злоставувал во неколку наврати.

mj01

Во полициските извештаи се наведува дека само во спалната соба и бањата нашле седум колекции снимки со голи или делумно облечени момчиња на тинејџерска возраст, а некои се дури и помлади. Една од колекциите, „Таормина“ од Вилхелм вон Гледен во судските списи се опишува како „голи фотографии на момче од крајот на 19. век.“ Претресот на имотот на Џексон се случило во декември таа година, додека тој бил во Лас Вегас. Во истрагата учествувале 70 припадници на полициските сили на Санта Барбара. Во исто време бил издаден налог за апсење на музичарот, а тој самиот дошол во локалната полициска станица откако се вратил од Калифорнија.

„Документите го разоткриле Џексон како манипулативен предатор луд по секс и дрога, кој користел крв, сексуално експлицитни фотографии со жртвување животни и перверзни сексуални чинови со цел децата да ги потчини на неговата волја. Поседувал и одвратни и шокантни снимки со мачење деца, фотографии со голи деца и возрасни, врзување жени и садомазохизам“, опишува изворот.

Откако ги опишал најдените материјали, истражителот заклучил: „Врз основа на мојата обука, ваквиот вид материјали се употребува во процесот на привлекување во текот на кој луѓето кои сакаат да злоставуваат деца ги намалуваат инхибициите на жртвата и го олеснуваат нивното злоставување.“

mj02

Меѓу тие материјали се наоѓа книга на која се прикажани голи деца, најдена во соба со игри, книга со фотографии на голи мажи најдена во спалната соба на Џексон, како и низа книги со голи геј мажи и тинејџери.

Окружниот обвинител Рон Зонен вели: „Голем дел од тие материјали бил искористен за десензибилизација на децата, а Мајкл признал дека децата едно по едно ги одведувал со себе в кревет. Идентификувавме пет момчиња кои потврдија дека сексуално ги злоставувал. Не се сомневам дека Мајкл бил виновен за сексуално злоставување.“

mj03

Сепак, во 2005 година Џексон бил ослободен и тоа по сите седум точки на обвинението, кои вклучувале злоставување на деца, како и опивање на малолетници помлади од четиринаесет години. Обвинението било покренато откако Гавин Арвизо го обвинил пејачот дека сексуално го злоставувал додека како тринаесетгодишник престојувал на неговиот имот. Во тоа време Арвизо се борел со рак.

Неговите обвиненија се совпаѓале со тие на Џордан Чендлер, кој десет години порано тврдел дека кога имал тринаесет години бил сексуално злоставуван од Џексон. Во тоа време против Џексон не било покренато обвинение, бидејќи полицијата утврдила дека таткото на Чендлер се обидел да го уценува поп пејачот, а неговата мајка тврдела дека Џексон никогаш ништо не му сторил на нејзиниот син. На крајот Џексон со Чендлерови се спогодил на сума од 22 милиони долари, па така случајот не дошол на суд. Од друга страна, момчето пред полицијата точно опишал како изгледа задникот на Џексон, срамните влакна како и младежите на неговите тестиси и пенис.

mj04

Откако бил ослободен, Џексон ги напуштил САД и се преселил во Бахреин. Сепак, по некое време се вратил, а во 2009 година беше пронајден мртов во својот дом во Холмби Хилс. Причината за смртта била труење со пропофол и бензодиазепин, лекови кои му ги препишал д-р Конрад Мјури, кој беше осуден на четири години затвор поради убиство од немарност. Од затвор бил пуштен во декември 2013 година, откако одлежа две години од затворската казна.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено