Оваа куќа се појавила во Сиетл, САД, готово еден век пред малите куќи да станат требд. Од предната страна, оваа куќа со должина од 17 метри изгледа сосема нормално. Но, кога ќе ја погледнете куќата од страна, ќе забележите дека е широка само метар и половина.
Куќата е изградена во 1925 година, а сега се продава за 499 000 долари. Пред две години ја купил архитектот Клеј Волис кој тогаш ја платил 375 000 долари. Вели дека не можел да одолее на шармот на оваа посебна куќичка. Куќата со површина од 80m² делува изненадувачки пространо. Има два спрата, а на секој од него има тоалет и спална соба. Постојат неколку теории зошто оваа куќа е толку тенса, но никој не ја знае вистинската приказна за куќичката која станала своевидна туристичка атракција.