Револуционерна студија во врска со тоа како мозоците на кучињата го процесираат говорот открива дека кучињата водат сметка за тоа што велиме и како го велиме тоа. Било откриено дека кучињата, исто како и луѓето, ја употребуваат левата хемисфера на мозокот да ги процесираат зборовите, а десната хемисфера да ја процесираат интонацијата со која се изговорени.
Се утврдило дека фалењето го активира центарот за награда на кучето само кога зборовите и интонацијата се совпаѓаат. Истражувачите велат дека кучињата развиваат неврални механизми да ги процесираат зборовите многу порано од развивањето на мисловен процес.
„Човечкиот мозок не само што одделно анализира што и како велиме, туку исто така ги интегрира двата типа информации за да се дојде до унифицирано значење. Нашите откритија сугерираат дека кучињата можат да го прават истото“, вели предводникот на истражувањето Атила Андикс, од Одделението за етологија во Универзитетот во Будимпешта.
Андикс и неговите колеги исто така откриле дека фалењето го активира центарот за награда кај кучињата – мозочен регион кој е одговорен за разни видови дразби на задоволство како храна, секс, галење, па дури и убава музика кај луѓето. Важно е да се истаке дека овој центар кај кучињата се активира само кога кучето ќе слушне фалење и во зборовите, но и во интонацијата.
„Значи, кучињата не само што разликуваат што велиме и како велиме, туку ги комбинираат тие две нешта за да добијат точна информација за тоа дали навистина сме го мислеле тоа. Ова е многу слично како кај луѓето“, вели Андикс.