Во петокот две кучиња решиле да се повозат малку и го забиле автомобилот на нивната сопственичка во ѕид на трговски центар во Западна Вирџинија. Една вработена стоела во близина на влезната врата на продавницата Вејн, кога видела како една кола полека се движи кон неа. Отпрвин таа си помислила дека тоа е некој нејзин познат кој се шегува со неа.
Но, кога видела кој стои зад воланот, се запрепастила. Колата ја возело – куче, заедно со уште едно куче до него! Жената се иставила и кучињата удриле со колата во ѕидот. Тогаш второто куче, кое не возело, некако успеало да го спушти прозорецот на колата.
Вработените на трговскиот најпосле успеале да ја најдат сопственичката, жена во нејзини доцни 70-ти, која ја оставила колата во погон за на кучињата да не им биде жешко додека таа купува. Локалните жители биле запрепастени.
„Не знаев дека кучињата можат да возат“, изјавил Рајан Естип.
Сведоците велат дека автомобилот претрпел незначителна штета, а што се однесува до кучињата, и тие се сосема добро, и покрај тоа што не го врзале безбедносниот појас.