Едно грижливо куче докажало дека навистина е најдобар пријател на човекот откако на спасувачите им помогнало да го најдат нејзиниот сопственик во повозрасни години кој бил прогласен за исчезнат во областа Хоксбери, северозападно од Сиднеј, Австралија.

„Драго ни е што ја имаме можноста да известиме дека нашиот исчезнат 83-годиен маж е лоциран во густи грмушки на околу километар од неговото живеалиште, на безбедно е и добро се чувствува“, јавуваат од обласната австралиска полиција.

kj01

Синовите на постариот човек, заедно со полицијата и волонтери ја чешлале областа во потрага по него, откако тој исчезнал по излегувањето на прошетка со неговото куче. Во недела наутро ја нашле Кјара, којашто на полицијата почнала да ѝ дава знаци каде би можел да биде нејзиниот сопственик.

kj02 kj03

„Околу 9:50, Кјара почна да влегува и излегува од грмушките, наведувајќи еден од синовите на човекот кон локацијата на исчезнатио човек, кој беше најден, кој беше најден при свест, со само незначителни повреди на неговото лице и дезориентиран. Тимовите набргу пристигнаа до местото и го третираа човекот од изложеност на временските услови и дехидратација. Потоа со хеликоптер беше однесен во болница кадешто е сега и се наоѓа во стабилна состојба. Целосната заслуга за успешната потрага се разбира ја има Кјара“, изјавија од полицијата во Хоксбери.

kj04

Сподели на Facebook
пати видено