Сите ние би сакале да знаеме што мислат нашите миленици. Патологот за говорниот јазик Кристина Хунџер (26) создаде звучна табла за да му помогне на своето 18-месечно куче Стела, да ги комуницира не само со нејзините зборови, туку и за нејзините мисли и чувства.
Сега кога кучето сака да каже нешто треба само да ги притисне копчињата со зборовите кои Кристина ги инсталирала на направата.
Таблата е толку успешка што Стела успева да ѝ каже на Кристина кога е уморна и сака да си легне, кога е гладна и сака храна или кога сака да оди на прошетка, особено во паркот.
Кристина раскажува за непто што би можело да биде забуна доколку ја немала таблата. Стела почнала да лае и да гребе на влезната врата, секој би помислил дека сака да излезе надвор. Но, Стела дошла до таблата и притиснала: „Сакам Џејк Дојде“. По неколку минути дома од работа се вратил свршеникот на Кристина Џејк и Стела дошла до таблата за да притисне „Среќна“.
Кристина, која работи во Сан Диего, помагајќи им на едногодишни и двегодишни деца со говорот започнала да ги поучува зборовите на Стела кога кучето имало околу осум недели. Кученцето сега знае најмалку 29 зборови и може да комбинира до пет збора за да изнесе фраза или реченица.
„Јас сум во постојано воодушевување и шок. Секој ден таа кажува нешто покомплицирано отколку што кажала претходниот ден. Начинот на кој таа ги користи зборовите за комуникација и зборовите што ги комбинира е навистина сличен на 2-годишно дете.“, вели Кристина. Таа вели дека првиот збор на Стела бил „Прошетка“ и најчесто го користи затоа што најверојатно едвај чекала некој да ја разбере кога има потреба од тоа.