Каи е името на нашиот херој, кој може да се каже дека е најдебелото куче што некогаш сме го сретнале. Тој тежел 80 килограми кога неговите сопственици го одвеле кај ветеринарот и побарале од нив да го еутанизираат нивното милениче.
На неговата среќа, ветеринарот не го исполнил барањето на сопствениците, и наместо тоа, одлучил да му помогне на Каи.
Приказната за овој златен ретривер од 80 кг го потресе светот. Тој бил донесен на ветеринарната клиника од страна на неговите сопственици кои побарале од ветеринарите да го усмртат бидејќи кучето било премногу дебело и едвај се движело.
Откако го врегледал ветеринарот заклучил дека доколку кучето изгуби околу 45 кг би можело да се врати на нормалниот живот. Така тој нашол згрижувачка „мајка“ која се согласила да го преземе предизвикот, иако во почетокот првин не знаела од каде треба да почне.
Неговата нова сопственичка Пем вели дек кога прв пат кучето дошло во нејзиниот дом, му биле потребни 20 минути за да се искачи по 3 скалила.
Ѝ било прилично тешко на Пем да го натера Каи да се движи. Кога сакала да го носи на прошетка тој само легнувал и престанувал да се движи. Тој никогаш не се играл со други кучиња во паркот, бидејќи не бил во можност да го стори тоа – наместо тоа, тој само седел и ги гледал.
Пем била решена да ја поправи ситуацијата. Таа го ставила Каи на строга диета, пешачела со него 3 пати на ден и го носела на пливање.
Постепено таа почнала да забележува подобрувања. Каи правел повеќе чекори, одел на подолги прошетки, а Пем била пресреќна кога го видела дека си ги лиже задните нозе.
Во рок од една година, Каи се претвори од гојазно и мрзеливо куче во здраво и активно кученце. Тој успеа да изгуби 45 кг со упорноста на неговата нова „мајка“.
Каи е уште еден пример кој докажува дека сè е можно, дека никој никогаш не треба да се откаже и дека големите цели се постигнуваат со мали чекори. Со напорна работа, Каи успеа да се врати во нормален и активен живот.