Џорџ Конер од Сасекс, Англија, бил на прошетка заедно со неговиот 6-годишен Стафордшир Бултериер, по име Макс. Додека се шетале во близина на една карпа 46-годишниот сопственик забележал дека неговото милениче прилично се вознемирило и сакало да оди во правец на карпата.

Џорџ оддалеку забележал дека има нешто од надворешниот дел од оградата поставена на карпата, но мислел дека станува збор на кеса со ѓубре и првин не сакал да го пушти Макс да оди во тој правец, но кога сфатил дека кучето е упорно и нема избор се упатил кон карпата.

Кога се приближил сфатил дека од надворешниот дел на карпата на самиот раб седи девојче. За жал Џорџ не го носел мобилниот со себе, но и не сакал да му се проближи на девојчето за да не го исплаши, но затоа Макс веднаш се упатил кон работ и седнал до девојчето.

Во тоа време Џорџ тргнал да бара помош и за среќа сретнал чувар кој веднаш се јавил во полиција и брза помош. Кога службите пристигнале кучето сѐ уште било до девојчето. Полицајците го повикале девојчето, но тоа не им одговарало, затоа одлучиле да је повлечат од работ на карпата, преку оградата.

Тогаш сфатиле дека девојчето не е при себе, страдала од хипотермија и ги превртувала очите. Полицајците рекле дека доколку целосно се онесвестела со сигурност ќе паднела од работ на карпата. Девојчето веднаш било префрлено во болница.

Џорџ вели дека бил прилично потресен од целата ситуација, бидејќи девојчето е на слична возраст со неговата ќерка, но тој додава дека кога полицајците му се заблагодариле затоа што го спасил девојчето, тој им кажал дека за сѐ е заслужен Макс и дека без него не би ја ни пронашле.

Сподели на Facebook
пати видено