Кученцето Мури требало да биде еутанизирано, но ветеринарот не можел да го стори тоа, затоа што мавтало со неговата опашка, додека тој ја спремал инјекцијата. Додека бил мал Мури се борел со смртоносен вирус, кој ги убива повеќето кучиња така што го уништува респираторниот и нервниот систем.
Тој бил оставен на плажата позната како „Плажата на мртви кучиња“ во Порторико, каде стотици животни се оставаат да умрат секоја година. Мури бил спасен од доброволна организација Проектот Сато и потоа бил префрлен во САД за да може да биде посвоен.
Поради вирусот Мури сега нема заби и неговиот јазик му испаѓа од устата. Тој исто така има деформации на коските поради кои изгледа поразлично од останатите кучиња. Но, ова не го спречило да биде посвоен од Мекензи Галант и нејзиното семејство.
Кучето сега има топол дом во Масачусетс и живее заедно со големо „човечко“ и „кучешко“ семејство. Мекензи вели дека Мури одлично се вклопил со неговите нови браќа и сестри и дека е најмилото куче што некогаш го запознала.
Таа исто така вели дека неговиот изглед не била пречка да го посвојат и за нив различното може да биде убаво.