Кучињата можат да бидат не само нашите најдобри пријатели, туку и нашите спасувачи во време на потреба. Херој во оваа приказна е германскиот овчар по име Војвода.
Тој речиси се жртвувал себеси за да го спаси својот сакан сопственик од вооружен грабеж. Еве ја приказната за вистинското пријателство помеѓу Војводата и Џино.
Кога Џино Венсел од Јужна Африка бил на прошетка со Војводата забележал сомнителен човек со нож во раката кој се движи кон нив. Пред да успее да изреагира 40-годишниот човек, Војводата тргнал во акција. За да го заштити сопственикот од нападот тој почнал агресивно да му ржи на крадецот.
Сепак, безчувствителниот човек му забил нож во главата на кучето. Војводата ја искористи својата преостаната сила за да го избрка суровиот криминалец и паднал на земјата.
Војводата бил однесен во Друштвото за благосостојба на животните во Јужна Африка. Тие направиле снимки за да видат каква штета предизвикала раната на ножот и било јасно дека морале што побрзо да го извадат ножот.
За среќа, ветеринарот успеал да го спаси животот на војводата со безбедно отстранување на ножот и целиот персонал, а најмногу Џино биле пресреќни. Сега Војводата е повотрно заедно со Џино и нивното пријателство сега е уште посилно.