Семејство од маж, жена и три деца биле жртви на разбојници кои сакале да ги ограбат. Тие жената и трите деца заедно со кучето ги затвориле во спалната соба и им кажале да останат таму, додека таткото го држеле на нишан и барале од него да каже каде се парите.
Паметното куче успеало да излезе од прозорецот на спалната соба и иако членовите на семејството мислеле дека ќе оди да им го привлече вниманието на соседите, тоа направило нешто уште похрабро.
17-годишното куче сконало пред пиштолот на едниот разбојник и истиот го ранил. За среќа куршумот влегол и излегол од ногата и кучето не е во животна опасност.
Соседите го слушнале истрелот и веднаш повикале полиција, а неколку од нив се упатиле кон куќата, па разбојниците избегале. За среќа никој од семејството не е повреден, а кучето ја добило потребната лекарска грижа.