2-годишната Чарли Кампбел исчезнала од домот на нејзината баба во Кентаки, САД. Екипите го барале девојчето 2 дена низ шумата и сите почнале да се плашат од најлошото. Но, таа не била сама, Пени, нивниот питбул, била со неа, додека и двете не се вратиле безбедно дома.
Првин девојчето се појавило пред соседите, а веднаш зад неа одела и Пени. „Ова е нашиот херој тука! Кога моето куче не беше дома и бебето не ми беше дома, знаев дека нема да го остави бебето додека не се врати.“, вели Бет, бабата на Пени.
Девојчето нема претрпено сериозни повреди, освен убоди од инсекти и знаци на дехидрација. Девојчето сепак е однесено во болница на проверки, а полицијата продолжува да го истражува случајот за нејзиното исчезнување. Семејството верува дека токму Пени ѝ помогнала на малата Чарли да го пронајде патот до дома.