Тим од руски научници ја анализирале крвта на 18 вселенски космонаути, за да дозаат како нивната работа им влијае на здравјето. Резултатите неодамна биле објавени во списанието Nature Scientific Reports.
Ефективно, бестежинска состојба и другите чудни услови на просторот го збунуваат телото. Според зборовите на истражувачот „човечкото тело не знае што да прави“, така што се активира имунолошкиот систем и ја зајакнува својата одбрана, исто како што реагира кога ќе се соочи со тешка инфекција.
Научниците ги проучувале ефектите од вселенското патување уште од раните денови на вселенската трка. Досега, откриле големо влијание на патувањето во вселената врз метаболизмот, терморегулацијата, срцевите биоритми, мускулите и сл. Сега тие размислувале како тоа влијае на луѓето на молекуларно ниво.
Тие побарале 125 протеини во крвната плазма на 18 руски космонаути кои учествувале на долги мисии на Меѓународната вселенска станица. Тие земале примероци 30 дена пред нивната мисија, веднаш по враќањето на Земјата и уште еднаш седум дена по нивното слетување.
„За истражувањето, зедовме збир на протеини – неинфективни болести биомаркери“, изјавил водечкиот автор професор Евгениј Николаев од Московскиот институт за физика и технологија, во соопштението. „Резултатите покажаа дека во бестежинска состојба, имунолошкиот систем функционира како кога телото е заразено бидејќи човечкото тело не знае што да прави и се обидува да ги вклучи сите можни одбранбени системи.“
Концентрациите на некои од протеините останале непороменети од вселенскиот лет, некои бргу закрепнале по враќањето на Земјата, а на другите им требал подолг временски период за да се вратат во првобитната положба. Од 125 протеини, 19 биле под влијание на вселенскиот лет.
„Плазма протеините чиишто концентрации се менувале во текот на летот вклучувале проблеми поврзани со оксидативен стрес, цитоскелетот, клеточна пролиферација, гликоза и липиден метаболизам, оштетување на клетките и одговор за поправка, апоптоза, калциум / колаген, транспорт на липопротеини, клеточни функции, деградација на протеини, трансдукција на сигнали и енергијата на метаболизмот.“ пишува тимот во истражувањето.
Наредно тимот се надева дека ќе им направат тестови на крвта на космонаутите додека се во орбитата за да добијат подетални информации.