Повеглија имал повеќе имиња низ историјата. Тој бил нарекуван крвавиот остров, островот на лудилото или пак островот на пеколот. Денес овој остров не е населен од луѓе, а мистеријата за него датира уште од 5-тиот век. Никој не го посетува овој остров, дури и рибарите не ги фрлаат своите мрежи во близина на островот за да не извлечат човечки коски.
Ова темно место предизвикувало и ќе продолжи да предизвикува страв во срцата на луѓето. Островот се наоѓа недалеку од брегот на убавата Венеција, Италија. Тоа е едно од најмрачните и страшни места во светот. Легендите за него раскажуваат дека е полн со остатоците на телата, на починатите од чума, на криминалци и ментално болните, кои биле протерани на ова место.
Се започнало за време на Римската Империја. Токму тогаш Римјаните на овој остров ги изолирале болните од чума, за да не се зарази остатокот од населението. Векови подоцна, кога „Црната смрт“, повторно беснее низ Европа, местото повторно е употребено за таа цел – изолација на заразените од чума.
Телата на мртвите се ставале во јами кои подоцна биле спалувани. Кога заразата почнала да се шири населението почнало да паничи и сите кои покажувале дури и најмали знаци на зараза, биле протерувани на островот, против своја волја. На островот тие биле фрлани врз купишта тела во распаѓање и биле оставани во канџите на смртта. Тоа била праксата за мажи, жени, па дури и деца.
Наполеон исто така го користел островот за мрачни цели. Тој го складирал военото оружје на овој остров. Во 1922 година на островот била изградена болница за душевно болни. локалното население раскажувало легенди дека докторот кој работел во оваа болница ги измачувал и убивал своите пациенти.
Жртвите биле затворани во висока кула, од каде што се фрлале. Нивната смрт и до денес останува мистерија. Со текот на времето овој проколнат крвав остров се претворил во гробишта. Тука биле носени тела на луѓе за да бидат закопани во масовни гробници или пак запалени. Истражувачите претпоставуваат дека над 200.000 лица се закопани на островот Повеглија.
Денес ова место е полно со мистика, смрт и човечка трагедија. Дали гласините и легендите дека духовите живеат на островот се вистинити, никој не знае. Некои луѓе велат дека во морето се слушнале пискотници од измачуваните пациенти, кои доаѓале од островот. Други пак велат дека виделе духови кои бараат мир.
Повеглија денес е строго забранета за посетители. На италијанските туристички агенции им е забрането да водат луѓе и групи на туристи на островот, но тоа е само на хартија. За ентузијастите се наоѓа начин, преку кој островот може да биде посетен со брод и со свои очи да ја видат потресната глетка.
Прашање на личен избор е дали би сакале да посетите место каде што се погребани илјадници заразно болни, луди и криминалци.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.