Во овој боречки клуб единствената награда што борците ја добиваат е почит, а има три правила. Борбата продолжува додека:

1. не се пролее крв;
2. некој од учесниците не е нокаутиран;
3. некој не се предаде, кревајќи ја раката;

Во оваа статија ќе можете да идите неверојатни фотографии од овогодинешниот турнир во голорак бокс кој се одржа во провинцијата Лимпопо во северниот регион на Јужна Африка, кој секоја година се одржува во племето Венда уште од деветнаесеттиот век. Борејќи се едни против други, како и против големата летна жештина, борците секој Божиќ се натпреваруваат во турнирот Мусангве со векови. Традиционално, борбите се одржувале за да се изберат најхрабрите мажи во племето и да се научат како да бидат воини, но сега се борат за гордост. Мечовите почнуваат рано наутро и се одржваат во три возрасни групи – младите момчиња се наречени „мамбиби“, а тинејџерите се наречени „ровхасизе“. Но, најголемо внимание привлекуваат возрасните мајстори.
Почит: од цела Јужна Африка се собираат борци за да ја докажат својата сила во рингот, борејќи се за почит во заедницата.

бк01

Предизвик: не постојат фиксни или закажани праови и секој меч започнува на ист начин. Првиот борец застанува во средината на кругот и прашува кој сака да се соочи со него.

бк02

Традиција: племињата со векови се собираат на ова место во селото Чифуди во областа Венда во јужноафриканската провинција Лимпопо.

бк03

Борбите завршуваат кога еден од натпреварувачите ќе почне да крвари, по што го носат да му ја измијат раната. Дозволени се удари со глава и колено.

бк04

За некои натпреварот претставува врвно достигнување и главен настан во годината, како начин да се здобијат со почит во рамките на нивните семејства. Додека во минатото Мусангве било начин да се селектираат најхрабрите воини, сега претставува начин како мажите да бидат храбри и цврсти во време на безработица и немаштија.

бк05

Турнирите се одржуваат секоја година за време на Божиќ, кога сите се вратени од големите градови. Оваа година борците мораа да се борат и против високите температури, кои оваа година се искачија над триесет степени целзиусови.

бк06

Натпреварувачите се поделени во три возрасни групи: деца, момчиња и возрасни, при што најатрактивни се возрасните кои се нарекуваат мајстори. Тие над 18 години се наречени „нгвениа“, или крокодили. Мажите на возраст од 35-45 години се мајсторите, а борците над 45 години се наречени „легенди“.

бк07

Реката Лундевхе е границата помеѓу ривалските групи и тие кои се на југ од неа, секогаш се борат против тие кои живеат на север.

бк08

Машки клуб: традиционално на жените не им е дозволено да се натпреваруваат, па дури ни да гледаат, но во последните години им се дозволени и двете, иако досега не се забележани на ниеден од мечовите, чиешто финале ќе се одржи в сабота.

бк09

Бруталност: не е дозволена употреба на ракавици и борбата завршува тогаш кога еден од натпреварувачите ќе се предаде. Поборниците на настанот сметаат дека традицијата е слична на јапонското карате по вештината и културното значење.

бк10

Се смета дека овој турнир бил тренинг за професионалниот јужноафрикански боксер Филип Ндоу, кој започнал во рингот Чифуди. Иако не освоил голема светска титула, Ндоу освоил бројни регионални титули во перолесна и супер перолесна категорија.

бк11

Историја: Се смета дека овие голораки борби во провинцијата Лимпопо се одржуваат уште од деветнаесеттиот век.

бк12

Сподели на Facebook
пати видено