Крупие во казино бил уапсен откако украл чипови во вредност од илјадници фунти, така што ги криел во неговите чорапи. Измамата, која се одвивала неколку месеци, ја правел така што чиповите ги ставал во лажен џеб во неговите панталони, кој со цевка бил поврзан со неговите чорапи. Крупието, кој по потекло е Романец, чиповите потоа ги предавал на неговата соучесничка – опишана како убава жена од источна Европа – за време на неговата пауза за цигари.
Неколку дена потоа, друг пријател ќе дојдел во казиното, позирајќи како клиент на казиното, да ги подигне парите од чиповите. Точниот износ на украдените пари кои човекот ги украл од казиното Кромвел Минт во западен Лондон не е познат, но по пребарувањето на неговиот стан, полицијата нашла 12.000 фунти. Казиното е во сопственост на Гентинг, малезиска корпорација која управува и со најстариот коцкарски клуб во Британија, Крокфордс, основан во 1828 година во близина на Мејфер.
Шефовите на Кромвел Минт започнале да се сомневаат дека крупието поткраднува за време на неговата работа и почнале да го набљудуваат. Минатиот месец тие наредиле на обезбедувањето да го претресат пред да добие можност да ги предаде чиповите на неговата соучесничка. Еден од персоналот на казиното изјавил: „Чиповите буквално му паѓаа на улицата. Имаше скриено дури и во чорапите.“
Била повикана полиција, и човекот бил приведен, по што било утврдено дека заработувал повеќе од 30.000 фунти годишно, плус бакшиш – но според изворот против него не било покренато никакво обвинение. Поради бројот на камери уперени во персоналот на казината, многу е ретко крупиејата да се обидат да крадат чипови. Последниот таков случај во Британија е забележан пред шест години кога Вејн Вагнер бил фатен како пика чипови во неговите чорапи додека работел во казиното Гросвенор Викторија во централен Лондон.