Едвард Сноуден силно ги брани правата на граѓаните да ги криптираат своите пораки и ги учи новинарите како да употребуваат енкрипција за да се заштитат себеси од шпионските програми. Но, свиркачот од агенцијата NSA вели дека претераното криптирање може да има и свој недостаток: вонземјаните не би можеле да забележат знаци на интелегентна форма на живот.
Сноуден, појавувајќи се на 18. септември на радио шоуто StarTalk на Нил Деграс Тајсон, преку линк од Москва, на астрофизичарот му кажа дека енкрипцијата би можела да ги попречи нашите обиди да комуницираме со вонземјаните.
Ако енкрипцијата се направи како што треба – да се кодира така што само примателот би можел да ја прочита информацијата – таа не може да се протолкува и не може да се разликува случајните појави, вели Сноуден.
Па така, ако некоја цивилизација се обидува да слушне за друга цивилизација, или ако нашата цивилизација се обидува да дознае за вонземјани, има само еден мал период од развојот на нивните општества кога сите ивни комуникации би се одвивале со помош на најпримитивни и незаштитени средства. Па така, тоа што всушност можеби е вонземјанска тв емисија или, знаете, телефонски разговор…ние не можеме да го разликуваме од микробрановата радијација.
Астрономите навистина планираат да постават интерпланетарен систем за прислушување, за да ги скенираат соседните галаксии за евентуално да забележат радио сигнали. И покрај тоа што ќе употребуваат два од најмоќните телескопи во светот, има шанси некои од сигналите да не бидат забележани проади евентуалното криптирање.
Но, тие кои се надеваат да најдат вонземјани не треба да се откажуваат, бидејќи вонземјаните можат намерно да ни пратат некриптирана порака ако сакаат да не најдат. Луѓето можат да го сторат истото. Од Breakthrough Initiatives е организиран јавен натпревар на кој се нудат 1 милион долари за најдобрата порака која би можела да им биде пратена на вонземјаните. Се разбира, пораките напишани на било кој од човечките јазици нема да бидат разгледувани.