Анастасија Хајдук работела како врвен стилист во престижните салони за убавина и победувала на меѓународни фризерски натпревари. Сепак, фризерството не ѝ изгледало како возвишена и благородна цел, која таа секогаш ја барала. Потоа, еден ден нејзиниот живот драматично се променил.

Една вечер таа гледала филм со волкови и се вљубила во животното. Така решила да почне да чува непто слично на него, куче. Сепак Анастасија не сакала да го купи туку да го посвои од засолниште за животни. Таа го земала мешанчето од Хаски, по име Блејд.

Едно милениче не ѝ било доволно на Анастасија и откако таа станала волонтер во засолниште за животни нејзиното семејство се зголемило. Во одреден момент кучињата на девојката се разболеле. Таа се обратила кај повеќе ветеринари, но сфатила дека самата сака да се грижи за кучињата. Така таа запишала колеџ и почнала да студира на академијата.

Анастасија продолжила да заработува пари во сопственото студио и да ги троши за образование и да им помага на засолништата. Во 2015 година за прв пат се сретнала во волк, по име Зоро. Тој бил фатен во шумата, потоа влегол во „приватна колекција“ и на крајот завршил во засолниште.

Иако волкот првин бил преплашен и див, девојката била упорна и се спријателила со него. Таа го сместила во добра зоолошка градина каде му пуштале снимка од гласот на Анастасија за да го смират.

Оттогаш таа не можела да ги извади волците од глава и решила да ги наоѓа и да им помага оние на кои им е потребна помош. Но кога ја нашла женката Один, не сакала да ја прими ниту една зоолошка градина бидејќи имале „премногу примероци“. Тогаш модерната Црвенкапа дошла до идеја да го создаде првиот центар за волци во Русија и засолниште со културни, образовни активности и екскурзии.

Во исто време, Анастасија се запознала со Светлана, која се грижела за своите волци. Отвориле засолниште заедно. Во март 2017 година, со заштедените пари, девојките ги донеле првите четири спасени волци во отворени кафези на земјиштето специјално купено за оваа намена. Тие се грижеле и за парализираниот волк Леон.

Во потрага по соодветни услови и специјалисти, Анастасија се запознала со Јарослав, кој претходно се занимавал со волци и бил подготвен да помогне. Тој го земал болното животно во свои раце. Наскоро се венчале и почнале заедно да го развиваат „Домот на волците“, помагајќи им на предаторите во неволја.

Анастасија се соочува со повеќе проблеми, од финансиски, бидејчи волците јадат природна храна, до законски, бидејќи законодавството сè уште не содржи јасно дефинирани норми за чување на дивите животни. Сепак, и покрај сето ова, девојчето продолжува да се движи кон нејзината цел. И ова само уште еднаш докажува дека со силна желба и вера во вашата работа може да постигнете многу.

Сега Анастасија работи како ветеринар, ги советува сопствениците на мачки и кучиња за правилно хранење на своите миленици. Во иднина, таа и нејзиниот сопруг планираат да им направат адаптација и слободување на волците во дивината.

Сподели на Facebook
пати видено