Пред 7 години, сега 27-годишниот Виктор Хуго Кастро, од Еквадор бил младо и здраво момче со многу амбиции.
Неговата страст било вежбањето и секогаш бил во физичка топ форма. Но, на 22-ри септември 2012 година неговиот живот драстично се променил.
Бидејќи имало голем сообраќаен метеж Виктор одлучил да оди на подолго патување до плажата со неговиот мотор. Тој самиот вели дека сакал да вози брзо и затоа нагазил на 140 километри на час. Одеднаш почувствувал дека иако сакал да го сврти моторот на левата страна, тој самиот се свртел кон десната и удрил во челичната ограда. Во таа несреќа неговата рака била уништена, а и вилицата му била скрена на три места, односно имал среќа што воопшто останал жив.
За жал морале да му ја ампутираат раката, со што секој би помислил дека кариерата на овој млад спортист е завршена. Но, Виктор успеал да најде инспирација и поука од оваа несреќа и повеќе да ги цени работите во животот. Тој без проблем прави сѐ што прават останатите бодибилдери и фитнес тренери, но со една рака.
Наместо да напушти сѐ, откако закрепнал Виктор почнал интензивно да се занимава со Кросфит, со кој го запознал неговиот брат. Сега тој е Кросфит тренер кој прави „чуда“ и влева инспирација во луѓето. Исто така Виктор има и свој бизнис, брендот наречен VHCA, кој се состои од спортска облека со мотивирачки мотиви.
Виктор не смета дека несреќата му донела само лоши нешта, туку напротив дека го научила на многу други работи. Неговиот омилен цитат е: „Крени ја главата и продолжи напред“.
Бонус: Еден бодибилдер реши да се обиде да го имитира