Илај Каиро е експерт за месо и тој ќе ви објасни која е разликата помеѓу квалитетното и неквалитетното месо кое секојдневно го купуваме во месарниците и супермаркетите.
Како да препознаеш квалитетен чаен колбас?
- Јасна поделба меѓу црвеното и белото месо, без жолтеникави делови.
- Да не биде претерано тврд, затоа што може да биде многу стар.
- Обвивката да му биде природна, а не најлон.
- Кога ја јадете да не остануваат парчиња во устата.
Како да препознаеш квалитетна шунка?
- Кога ќе ја пресечеш ако се гледа виножито значи дека има додавано многу фосфати.
- Разликите помеѓу кафените нијанси на кората значат дека е подготвувана на дрва.
- Во квалитетната шунка има кромид, лук, а понекогаш и кафеав шеќер.
- Доколку е спирално сечена значи дека е производ на мас-производство.
- Квалитетна шунка има природен облик.
Како да препознаеш квалитетна Салама „Посебна“?
- Доколку е мазна и нема меурчиња значи дека е производ на фабричко мас-производство.
- Квалитетната салама има додатоци во неа како фстаци, бибер и слично.
- Кога саламата е растеглива значи дека има премногу полнила, а многу малку вистинско месо.
Како да препознаеш квалитетни виршли?
- Неквалитетните виршли немаат обвивка или им недостасува крајот на обвивката поради фабричкото производство.
- Квалитетната виршла има природна заоблена форма.
- Обвивка и чворовите на краевите се знак за квалитетна виршла.
Како да препознаеш квалитетна пршута?
- Мермерниот изглед покажуваа дека пршутата е добиена од животно одгледувано на пасишта.
- Темна боја е знак за квалитетна пршута.
- Доколку пршутата е жилава и има влага значи дека е со низок квалитет.