Егзорцисмот и претставата за демонска опседнатост на повеќето припадници на современата западна цивилизација им се чини како нешто што не е од овој свет и од ова време, т.е. просто кажано – некакво егзотично празноверие. Но, во човечкат историја имало само два периоди во кои оваа пракса не била популарна – во деветнаесеттиот век и сега, во преминот од дваесеттиот во дваесет и првиот век. Практично низ целата човечка историја, вклучувајќи ги и овие два периоди, кај сите култури на планетава имало раширено верување дека постои нешто што би можело да ја превземе контролата врз вашето тело и душа.

Католицизмот е познат по својата пракса на егорцизам

eg01

Егзорцизмот е тесно врзан со верувањата прифатени во католицизмот. Ватикан дозволува соодветно овластени и обучени свештеници да изведуваат егзорцизам. Во римската диецеза дури има и свештенички чин главен егзорцист. Во моментот таа должност ја врши деведесетгодишниот Габриел Аморт кој сиот свој живот го посветил на заштитувањето на невините души од опседнатоста од демонски духови. Исто така, тој го основал и Меѓународното здружение на егзорцисти.

Егзорцизмот во древноста

eg02

Верувањето дека човек може да биде опседнат од дух е едно од најстарите верувања познати на човештвото. Причината за тоа веројатно лежи во тоа што е, исто како и промените во природата, на луѓето во минатото кои немале развиено научни методи и според тоа знаеле многу малку за светот кој ги опкружува, како и за самите нив – тоа било најлесен начин да си ги објаснат наглите промени во личноста и менталните болести.

Сите древни култури во Месопотамија, југоисточна Азија и Средоземноморието оставиле записи за различни начини и средства за истерување лоши духови од луѓето. Во 4. милениум пр.н.е. во сумерската магија постоел цел огранок посветен на истерувањето духови. Сепак, најстариот ритуал за истерување духови е забележан во Индија, во 5. милениум пр.н.е. и е наречен „Бхаваад Гита“. Ритуалот вклучува молитва, мантри кои се повторуваат и сето тоа придружено со палење на разни инсенси и музика произведена со природни предмети како школки и сл.

Будистичкиот фестивал Гутор

eg03

Дел од будистичките тибетски новогодишни свечености сѐ уште се посветува на древните ритуали за истерување на духови. Денот пред Новата Година се нарекува „Гутор“ – ден посветен за ритуално прочистување и бркање на негативните енергии и лошите духови коишто се насобрале во текот на изминатата година. Пролетното чистење во европските култури, како и постењето е исто така поврзано со ритуалното прочистување на куќата во почетокот на нов годишен период. За време на Гутор се јаде посебна супа со кнедли за која се верува дека го прочистува телото од секакви нечистотии.

Селски ритуали против опседнатост

eg04

Многу региони си имаат свои специфични регионални ритуали за прочистување и истерување на лоши духови. На пример, народот Ту во кинеската провинција Чингхаи одржуваат годишен ритуал за време на кој се организираат танцови и гозба наречена „Вуту“. Танцувањето е со намера да се привлече вниманието на злите духови и енергиите на лоша среќа. Гозбата го заситува гладот на тие духови за човечки жртви сѐ до следниот Вуту фестивал. На крајот на фестивалот, целото село скокнува во реката за крајно прочистување.

Опседнатоста од Маха Сохона

eg05

Други култури во светот негативните духови ги персонифицираат во еден специфичен демон на кого му ги припишуваат сите зли нешта кои им се случуваат.

Во Шри Ланка тој демон-бог се нарекува Маха Сохона. Тој своите жртви ги лови по гробиштата и тешко ги разболува. Се истерува преку ритуали кои вклучуваат напорно и долготрајно ритуално танцување од страна на егзорцистот, како и од страна на опседнатиот.

Правењето магии

eg06

Во светот е раширено и верувањето дека опседнатоста може да се случи не како последица на дејства на демони од другиот свет, туку од страна на други луѓе со мрачни мотиви и натприродни способности.

Новозеландските Маори веруваат дека изведувачите на црната магија Макуту можат да ја загадат невнимателната душа која останува таква сѐ додека не се изведат соодветни ритуали за прочистување. Исто така, Јоруба традициите во Африка од коишто потекнуваат карипските вуду, американските худу и бразилските кандомбле магии веруваат дека луѓето можат да бидат опседнати за добро или за лошо од страна на нивните волшебници и богови. Во многу од обредите всушност се врши наводно „добро опседнување“ со цел на болниот да му се помогне да оздрави.

Добри и лоши вештери

eg07

Денес верувањето во духови и магии се враќа на голема врата. Покрај верувањето во волшебни својства на разни предмети, во светот се шири и т.н. добра магија, олицетворена најмногу во движењето Вика, кое би требало да претставува добриот пандан на сатанизмот и црната магија.

Истерувањето на Диббук

Dybbuk

Современиот јудаизам не се занимава многу со истерувањето духови. Но, на античките и средновековните Евреи ова им било доста познато, па така уставиле детално опишани сведоштва за тоа како рабините се справувале со демоните Диббук, како и други натприродни суштества кои би можеле да го опседнат човекот.

Еден од познатите свитоци од мртвото море експлицитно опишува случај на егзорцизам помеѓу Есените во 7. век пр.н.е. Еврејските кабалистички записи од средниот век уште подетолано ги опишуваат случаите во кои рабини итерувале духови и различни ѓаволи.

Егзорцизмот на Блискиот Исток

eg09

Коптското христијанство и исламот на Блискиот Исток сѐ уште ги практикуваат древните ритуали за изгонување на демонски сили кои ги запоседнуваат човечките тела како да се некои празни школки. Во Карио има коптски свештеник наречен Отец Самаан кој секоја недела изведува масовни ритуали на прочистување од зли духови на кои присуствуваат и христијани и муслимани. Во тие краишта овие лоши духови и црни магии се нарекуваат „сихр“ и „рукја“.

Егорцизмот и исцелуваето со вера

eg10

Католиците и Коптите не се единствените христијани коишто се загрижени за лошите духови. Повеќето протестантски секти во Америка имаат најразлични компоненти во крштеваето и концептот дека силната вера може да се справи со демонската опседнатост. Честопати овие „демони“ не се именуваат со древни имиња како „Луцифер“ и „Велзевув“ како во католицизмот, туку се персонифицирани лоши навики и стил на живот. На пример, евангелистичкиот свештеник на оваа фотографија го истерува „демонот на пиењето“ од телото на еден негов мирјанин алкохоличар.

Егзорцизмот кај нас

eg11

Како што изјавува отец Партениј, архимандрит и игумен во манастирот „Св. Јован Бигорски“, во интервју за Мотика, егзорцизмот е познат уште од најстари времиња и во православието. На почетокот истерувачите на духови и демони не биле од редовите на свештениците, но потоа таа пракса преминала и во рамките на свештеничките редови. Ритуалите се строго определени, при што се читаат специјални молитви напишани од св. Василиј Велики. Во некои православни цркви не секој свештеник може да биде егзорцист, туку само определени духовници кои за таа должност се подготвуваат со посебна молитва. Архимадрит Партениј раскажува за најразлични негови искуства со опседнати од демони со кои се среќавал во Бигорскиот манастир.

Покрај тоа, кај нас е раширено и одењето кај разни оџи и бајачки кои ги истеруваат лошите духови и болести, преку разни ритуали како кадење, миење со вода, цртање на специјални знаци врз заболениот дел од телото и слично.

Психологијата на опседнатоста

eg12

Интересен е тој феномен на враќање кон старите верувања во натприродното, дури и покрај сиот напредок во науката и медицината. Тоа што во минатото се опишувало како оспеднатост од демони, денес се објаснува со конкретни болести како шизофренија, биполарно растројство, параноја и сл. кои се последици на тешки нарушувања во текот на развојот на личноста, поврзани и со некои генетски предиспозиции, т.е. нарушување на хемиската рамнотежа во телото за коишто има конкретни третмани кои понекогаш вродуваат со плод, а понекогаш можат да бидат само ублажување на состојбата.

Сепак, познато е дека верата во целосно исцелување знае да вроди со конкретен резултат, така што дали ова навраќање кон старите верувања е добро или лошо, ќе покаже времето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено