Кралот Тогбе Нгорифија Кифа Коси Банса е врховен лидер на регионот Хохо в Гана. Во регионот живеат 200.000 негови поданици, а уште 2 милиони луѓе од државата Того го сметаат за нивни владетел. И покрај својата висока позиција, кралот Банса сеуште си работи во својата автомеханичарска работилница во Лудвигскафен, Германија, а во исто време се труди и да им го подобри животот на своите поданици.

Во далечната 1970 година, неговиот дедо, кралот на Хохо, го испратил внукот да учи за автомеханичар во Германија. По завршувањето на учењето, Банса решил да остане во Германија, си отворил работилница и живеел тивко и среќно, се додека еден ден во 1987 година не му стигнала телеграма од Гана. Неговиот дедо умрел, а неговиот татко и брат му биле прогласени за „нечисти“ според верувањата на народот Еве. Така Банса, како единствен наследник ја прифатил функцијата крал на народот Еве, но бидејќи е чесен и скромен човек, продолжил да си ја работи автомеханичарската работа. Тој денес управува со својот народ преку Скајп и електронска пошта.

kral (1)

kral (2)

kral (3)

kral (4)

kral (5)

kral (6)

kral (7)

kral (8)

Сподели на Facebook
пати видено