Наводната шефица на уценувачка банда од Филипините открива како ги намамува „глупавите“ мажи да се соблечат пред камера. „Кралицата на сексторција“ Марија Капарас-Регалачуело, којашто е обвинета за искористување на девојки и до 13-годишна возраст, се фали дека се потребни само 30 минути да се прелажат мажи од Западот да се соблечат и изведуваат сексуални чинови на Скајп.
Нејзината банда се сомничи за самоубиството на 17-годишниот Даниел Пери од Шкотска кој се убил со скокање од високо во август 2013 година откако неговите онлајн измачители му кажале дека „подобро да е мртов“ по сѐ што планираат да му направат. Раскажувајќи во нејзината затворска ќелија, Капарас открива дека нејзината банда „чатачки“ го пребаруваат Фејсбук за потенцијални жртви, плаќајќи им на мажите флертувачки пораки, за потоа да им предложат да направат „нешто приватно“.
Тие на мажите им покажуваат претходно снимено видео со азијка како изведува стриптиз и потоа им праќаат валкани текстуални пораки. Капарас признава дека и таа самата била „чатачка“, додавајќи дека тие се најчесто млади девојчиња, некои и на 13-годиша возраст, како и трансексуалци. Работат со однапред подготвен текст за да ги намамат жртвите. Потоа ги наговоруваат да се покажат себеси на видео камера, и на крај со жртвата стапува шефот на бандата кој започнува со уценувањето, заканувајќи се дека доколку не се префрли определен износ на средства, ќе ги објави компромитирачките експлицитни содржини.
Затоа луѓе, внимавајте што правите на интернет и со кого си имате работа, бидејќи штом нешто се нашло на интернет, останува таму, а приватноста на интернет е практични мисловна именка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!