Го јавнал Крали Марко, неговиот коњ Шарец и тргнал низ шумата. Но, што да се види – дрвјата откорнати, гранките искршени… Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:
„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене…“
Продолжил понатаму, стигнал до една ливада – тревата разорана, цвеќињата смачкани… Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:
„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене…“
Продолжил понатаму, ја видел Баба Рога – косата искубана, забите искршени, силувана, лежи и офка. Крали Марко се наведнал над неа и ја прашал:
– Кажи ми бабо, кој е овој голем јунак кој беснее во шумата?
Баба Рога ги отворила своите модри очи, го препознала Крали Марко и му рекла со последните сили:
– Да си жив и здрав бебе, колку си добар кога си трезен…