Поранешна наставничка од Мичиген која признала дека имала долготрајна љубовна врска со ученик адолесцен во четврток била осудена на затворска казна. 32-годишната Џејми Хајат се исправила пред судијата Томас Вилсон во судот на областа Џексон, каде што ѝ била изречена пресуда од 3 до 20 години затворска казна и доживотен надзор како сексуален прекршител. Хајат во судницата изјавила дека за нејзиното дејство нема оправдание и дека „изгубила контрола“.
Признала дека имала сексуална врска со 14-годишен ученик којашто започнала во мај 2014 година, а завршила во јануари 2016 година. Хајат била уапсена еден ден откако дала оставка на своето работно место.
Хајат наводно на момчето му нудела мобилен телефон, пари и дека ќе се грижи за него ако ја продолжи врската. Властите велат дека на ученикот му дала пиштол, кој бил поврзан со случај на стрелање во Џексон. Детектив дал изјава дека Хајат и ученикот имале сексуални односи толку често, што ученикот „изгубил претстава“ колку пати се случило тоа.
На сослушување на 22 ноември Хајат се изјаснила виновна за криминално сексуално однесување од прв и трет степен.