Крадецот кој пребарувал по џебовите на пијан човек подоцна го спасил животот на својата жртва кога тој се сопнал пред метро. На снимката направена од безбедносните камери се гледа како тој дрско му приоѓа на пијаниот човек кој заспал на клупа на метро станица во Париз, потоа внимателно седнува крај него и почнува да му пребарува по џебовите. Откако му зел нешто што на снимката изгледа како телефон, тој се преместува на другата страна и вади нешто од другиот џеб на жртвата.
Потоа пијаниот човек се буди, се сопнува од платформата и паѓа на шините. Еден друг човек, присутен за време на инцидентот, мирно си оди додека метрото се приближува кон паднатиот човек. Во тој миг, крадецот трчајќи се враќа за да му помогне на човекот да стане од шините. Класичен пример за тоа дека понекогаш границата помеѓу чесноста, нечесноста, совеста и бездушноста е многу нејасна.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!