Клеон Пери и неговиот партнер Едмунд Браун се снимени на безбедносната камера како ја ограбуваат поштата во Вест Норвуд, јужен Лондон. 41-годишниот Клеон има импресивна техника на влегување преку шалтерот, а 33-годишниот Едмунд го следи.
Но, ова не бил првиот грабеж на „бандитите“. Тие успеале да украдат над 100.000 евра од седум локации во Лондон во период од пет месеци. Пери и физички нападнал вработен во поштата со хебла и му нанел сериозни повреди. Полицајците откриле илјадници фунти во готовина, златници и хебла кај крадците.
Ограбувачите заедно добиле казна затвор од вкупно 37 години. Тие не искажале „каење“ и не се плашеле да користат „насилство“ за да стигнат до своите цели, според судијата.