Ние не знаеме кои спомени се вредни додека не ги изгубиме. Потоа сфаќате дека понекогаш вреди да се вложат напори за да ги вратите. Тоа се случи со една жена во Торонто.
Откако нејзиниот дом бил ограбен таа решила да напише на лист молба до крадецот, која е прилично необична. Таа бара да ѝ врати само неколку фотографии.
„До човекот кој беше во мојот дом и ме ограби“
„Задржи ги парите и мојата камера и било што друго што си земал. Но доколку јаимаш мемориската од апаратот те молам ги има фотографиите од последните денови кога моето куче беше живо. Не можам да ги заменам тие фотографии. Те молам фрли ги на тремот или стваи ги во поштенското сандаче. Или испрати ги на…. Торонто.
Те молам, почина пред неколку дена не можам да ги изгубам и тие фотографии“
Оваа жена е личност која многу се грижи за животните. Нејзиниот сакан миленик Шелби бил болен од рак. На мемориската картичка која очајнички се обидува да ја најде се наоѓаат последните фотографии од кучето. Луѓето кои ја прочитале нејзината приказна ја споделуваат објавата во надеж дека ќе стигне до крадецот.