Иако звучи „добро“ да се ограби камион со стока вредна над 1 милион евра, сепак не е добро доколку стоката внатре и не е баш „лесна“ за продавање.
Накит, сигурно. Дизајнерска облека, можеби. Но, се*с играчки? Не дека се залагаме за „правилна“ кражба, туку се обидуваме да сфатиме кој би го смислил таквиот план на прво место.
Но, очигледно на некој му текнало и сега полицијата трага по крадците кои го сториле токму тоа – со стоки за возрасни во вредност од 1 милион евра кои исчезнале од камионот паркиран на паркинг за камиони.
Играчки биле украдени од возилото додека било паркирано во текот на ноќта на A43 кај Бритон, Нортхемптоншир, Англија. Полицијата што го испитува смешното злосторство и верува дека кражбата се случила некаде помеѓу 1 и 6:30 часот, при што одговорните провалиле во приколката и ги префрлале сите предмети сред ноќ.
Камионот патувал од Феликстоу во Сафолк за да го испорача својот товар на Rocks Off Ltd, кој е со седиште во соодветно именуваната „Куќа за задоволство“ во Кетеринг.