Семејството на петгодишно момче од Делавер останало уништено откако двајца крадци ја украле неговата реплика на WWE појас од светсткото боречко првенство.
Младиот Тими Вик се бори со аутизмот и во моментов чека операција за отстранување на мозочен тумор. Двата појаси му давале сигурност и го охрабрувале што тој дури и спиел со нив.
Срцето на Тими се скршило откако тројца крадци ги украле појасите кои биле сместени во кутии на тремот, откако неговите родители ги пратиле да ги однесат кај уметникот Серџо Мориера за да ги украси.
Таткото на Тими, Тим Постариот, сакал да гу уреди појасите за неговиот син кој се соочувал со многу предизвици и го контктирал уметникот. Мориера, кој ги обновува ремените со материјали како метал, кожа и циркони, се понудил да ги разубави појасите на Тими бесплатно.
Пакетот со појасите бил однесен до домот на Мориера, но бидејќи тој не бил дома го оставиле пакетот на тремот. Откако му стигнало предупредување од камерите дека две жени и возач, го крадат пакетот Мориера решил да ја крене јавната свест за инцидентот.
„Сакам да знаат дека ја земаа надежта од едно 5-годишно момче кое чека да му се вратат појасите. Го украдовте тоа од него. Му го скршивте срцето.“, вели Мориера.
Полицискиот оддел на Еџвуд исто така, објавил видеоснимка од кражбата на Фејсбук, со надеж дека крадците ќе бидат идентификувани и ќе се вратат појасите. По јавниот протест, крадците ги вратија појасите на Тими во домот на Мориера заедно со писмо со извинување од четири страници.
Porch Pirates. Smile, you're on camera!
Posted by Edgewood PD on Вторник, 25 јуни 2019
Во писмото, кое го доби Yahoo! Lifestyle, крадците објаснуваат дека се бездомници и зависници од дрога. Тие се обидувале да заработат пари со крадење на ремените, но биле „засрамени“ откако ги виделе вестите за кражбата.
„Многу ни е жал што ги земавме вашите работи. Никогаш во милион години не би очекувала дека ќе украдам нешто од болно 5-годишно дете, имам 6-годишно дете и се срамам од она што го направив. Никогаш не сакавме да ја украдеме надежта на детето. Откако се видовме дека изгледаме како ништожници на вестите, решивме да се исчистиме и отрезниме.“, стои во писмото. Тие на крај дури и се потпишале како „идиоти“.
Мориера вели дека жената лично му го донела пакетот, плачела и се извинувала, тој ја прегрнал и ѝ кажал дека нема да покрене обвиненија.