Семејниот одмор на мајката на три деца е уништен, бидејќи според истата козметичарот ја упропастил со третманот за веѓите и сега тие изгледаат како веѓите на ликовите од цртаниот филм „Лути птици“.

Таа најпрво уплатила 3.300 евра за одмор на Тенерифе, а потоа влегла во салонот „Get nailed“, во нејзиниот роден град Ланели, во јужен Велс, за да го направи третманот, ден пред нејзините деца да започнат да се плашат од неа.

Но, наместо да ги добие замислените совршени веѓи, по третманот сега оваа мајка има претерано впечатливи и поголеми веѓи, кои целосно го уништиле семејниот одмор на истата. Таа била премногу засрамена, па воопшто не се фотографирала, а исто така не можела да влегува во водата, за да избегне навлажнување на веѓите.

„Не знаев дали да се смеам или плачам. Сите мои блиски ми рекоа дека изгледам како „Лутите птици“, а толку многу го чекав тој одмор. Сите бевме возбудени да отидеме, да летаме некаде. Веѓите ме спречија да уживам во одморот. Се обидов да ги охрабрам децата да не се срамат ниту плашат, а јас едноставно морав да се сместам настрана и да ги гледам како уживаат. Работев напорно за ова, а сега сето беше уништено.“- вели очајната Рис.

Рис, која страда од алопеција, била редовен клиент во козметичкиот салон и при секоја посета, секогаш една иста козметичарка го правела третманот, но овој пат била препуштена во рацете на неискусна млада девојка која била таму како практикант.

Сподели на Facebook
пати видено