Многу научници и нутриционисти тврдат дека постојат некои видови на супер храна – храна полна со митамини и антиоксиданси кои го креваат нашиот здравствен систем до нови височини.

Меѓу таа супер храна особено се издвојуваат оревестите плодови, бидејќи најлесно се додаваат во секојдневната исхрана. Не е потребно да ги тотвите, понекогаш само треба да ги извадите од лушпата и тоа е сѐ.

Моќта на ф`стаците

nt01

Јадењето ф`стаци ќе ви го крене расположението, ќе го зацврсти имунитетскиот систем и може да го намали ризикот на заболување од рак на белите дробови.

Секое мало зрнце е полно со гама-тогоферол (форма на витамин Е, ефикасен во борбата со канцерот), В6 кој го крева расположението и калиум – кој помага во одржувањето на нервниот систем и здравите мускули. Плус тоа, тие имаат само 4 калории по јатка, а процесот на отстранување на луспата дополнително ве исполнува.

Чудотворноста на оревите

nt02

Оревите ќе ви помогнат добро да се одморите ноќе, да се борите со стареењето и клеточното оштетување, а исто така ги ублажуваат симптомите на предменструалниот синдром.

Убавите мали грицки се полни со мелатонин (истото нешто што го има во мисирката, што ве прави поспани), антиоксиданси како елагинската киселина којашто ги одржува подредени нашите клетки и манган (кој ги намалува симптомите на „она време“ во месецот). Оревите исто така се богати со омега-3 масни киселини (добрите маснотии коишто на нашето тело толку очајно му требаат, а вообичаено ги добива само од морската храна).

Чудесноста на бадемите

nt03

Бадемите се одлични природни стабилизатори.

Полни се со најдобрите видови растителни влакна кои го регулираат вашето дебело црево. Го креваат нивото на добрите бактерии во вашето тело, подобрувајќи го имунитетскиот систем. Исто така го стабилизираат шеќерот во крвта и нивото на инсулин. Згора на сѐ, бадемите се полни со антиоксиданси како витаминот Е.

Индиски орев (кешу)

nt04

Џвакањето на индиски орев може да помогне во спречувањето на анемијата, да го подобри вашиот вид и меморија.

Покрај здравите количества на олеинска киселина (добрата маснотија која ја добиваме од маслиновото масло), индиските ореви се богати со железо, што го подобрува имунитетскиот систем, и цинк кој е добар за видот. 30 грама индиски ореви дневно ќе ве снабдат со 25 посто од потребната дневна доза на магнезиум, кој го подобрува вашето помнење сега, и да помогне во борбата со заборавноста на стари години.

Брилијантноста на бразилските ореви

nt05

Оревите-борци со рак се сѐ уште под лупата за да се осознаат сите нивни полезни својства, но огромната доза на селениум не е нешто што треба да се потценува.

Само еден бразилски орев е доволен да ве снабди со 100 посто од вашата дневна доза на селениум – еден од основните елементи кои на нашите клетки им се потребни за да функционираат како што треба. Само не претерувајте – ви треба селениум, но не премногу. Пет до шест бразилски ореви се повеќе од доволни.

Пекан (американски орев)

nt06

Особениот спој на антиоксиданси и витамини прават пеканот да ги прочисти вашите артерии од сите лоши наслаги кои се насобрале со текот на времето, а коишто можат да доведат до срцеви заболувања, а исто така го забавува и напредувањето на невролошките заболувања.

Макадамија ореви

nt07

Макадамија оревите го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат стресот и во исто време го намалуваат холестеролот.

Тие се богати со калории и маснотии, но добрите маснотии коишто го намалуваат холестеролот и високиот крвен притисок.

Предноста на лешниците

nt08

Лешниците исто така се богати со полезни масти кои се добри за вашето кардиоваскуларно здравје, а високата концентрираност на витамин Е помага во спречувањето на појава на катаракта, мускулни дегенерации, го намалува ризикот на деменција и се навистина добри за вашата кожа.

Надмоќноста на кикириките

nt09

Кикириките можат да се наречат фонтана на младоста.

Кај нив целосно отсуствуваат трансмастите и натриумот што ги прави лесни за варење. Богати се со антиоксиданси, ресвератрол и ниацин (витамин В₃, витамин РР) кои се борат со секоја болест и го успоруваат стареењето.

Мудроста на костените

nt10

Да, да. Треба да печете костени, и тоа многу.

Богати се со растителни влакна кои ја креваат вашата енергија а витаминот В кој исто така го има во изобилство во овие плодови помага во произведувањето на црвените крвни клетки, што помага на вашето тело да ги разложи протеините и да ја одржи здравата кожа и мозочната функција.

Престижот на кедровите ореви

nt11

Одлично одат со салати и се полни со протеини, растителни масти, растителни влакна, манган и многу други здрави елементи потребни на сите нас. Плус тоа, витаминот К кај нив го има најмногу во споредба со другите оревести плодови, што значи дека се одлични за зацврстување на коските.

Неверојатноста на желадот

nt12

Желадите се најтешки за кршење, а и не можете веднаш да ги јадете. ПРво треба да ги варите некое време, но танинската киселина која се ослободува во тој процес вреди за сиот труд.

Желадите се ниски со маснотии, а сложените јаглехидрати помагаат во регулирањето на крвта во шеќерот.

Силата на кокосовите ореви

nt13

Кокосовиот орев е богат со растителни влакна, минерали и амино киселини кои го подобруваат имунитетскиот систем, го успоруваат стареењето на кожата и ги отстрануваат слободните радикали. Ефикасни се во отстранувањето на вирусите, бактериите, габите и паразитите и сѐ она лошо што сака да се вовлече во вашето тело.

Сподели на Facebook
пати видено