14-годишен коњ се онесвестил среде прометна улица во Менхетн, Њујорк, откако возачот на кочијата го терал со голема брзина за да може да фати зелено на семафори, тврди очевидец. Бодан Пол Ангелута излегувал од ноќниот клуб Спејс Ибица кога го видел кочијашот како му се дере на коњот, пред тој да се онесвести.

kn01kn

Кочијашот тврдел дека коњот едноставно се сопнал и паднал, но Аренгута вели дека е јасно дека коњот бил преморен, дишејќи бавно и тешко по падот.

„Сто посто сум сигурен“, вели Ангелута, „дека тој го тераше коњот за да стигне на зелено.“

Коњот лежел на земја повеќе од 20 минути. Полицаец ја блокирал улицата и десет минути подоцна шестмина луѓе дошле по коњот. Според Ангелута, тие со себе имале кофа со вода и на коњот му ставиле нешто во уста.

kn02

„Им се дерев“, раскажува Ангелута. „Бев фрустриран, гневен.“ Најпосле коњот станал и полицаецот му кажал дека нема потреба за загриженост. Но, инцидентот го потресол Ангелута, кој сликите ги пратил на NYCLASS, њујоршка група за заштита на животните.

Сподели на Facebook
пати видено