Мексиканската влада најави аукција на која ќе се продаваат скапи супер-автомобили, куќи, па дури и накит конфискуван од криминалци и дилери на дрога. Сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за добротворни цели, за да им се помогне на најсиромашните жители на земјата.
Според „Ројтерс“, на првата аукција ќе бидат продадени 77 автомобили, меѓу кои има и Lamborghini, неколку возила Porsche, оклопни камиони и други возила.